• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

АПОСТОЛСКА: ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА ВЛАДАТА ДАВААТ РЕЗУЛТАТ

Mинистерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска се обрати на меѓународна конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ)

apostolska

Денеска во Скопје почна со работа втората меѓународна конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ), организиран од Делегацијата на германското стопанство во Македонија и Aсоцијацијата на металната и електро индустријата. На овој настан кој има за цел да го  промовира соработата помеѓу компаниите на лесната индустрија со средните професионални училишта, беа присутни и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот за образование Арбер Адеми.

По германскиот модел, од ова учебна година, како што истакна министерот Адеми во Македониа почна дуалното образование, кој создава поголеми шанси за едуцирање на кадар со вештини и квалификации какви што навистина се бараат на пазарот на трудот во одреден период, а е резултат на брзите техничко технолошки промени, развојот на цели нови индустрии, иновациите и слично.  Надоврзувајќи со економските приоритети, министерката Апостолка додаде дека „јасно се гледа и владината определба за јакнење на конкурентната способност и капацитетите на домашните компании“. Со мерките од Планот за економски раст, додаде министерката задолжена за странски инвестиции, активно се поддржуваат усвојувањето и воведувањето на нови технологии во процесите на производство, се со цел домашните компании да се развиваат и создаваат производи со повисок стандард.

Дека владините економски политики даваат резултат, според Апостолска се гледа од растотот на БДП од 3.1% во вториот квартал, порастот на индустриското производство во јули од над 8%, зголемувањето на извозот за 14 % и приливот на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие на годинава, што е за 218 % повеќе од просекот во последните три години. Додека, според министерот за образопвание, не е случајно што Владата и Министерството за образование и наука максимално се посветени на реформирањето и унапредувањето на средмото образование според моделот на стручното дуално образование.

„Оваа учебна 2018/2019 година проектот се пилотира во две средни стручни училишта „Киро Спанџов – Брко“ во Кавадарци и „Св. Наум Охридски“ во Охрид, кои за потребите на моделот на образование, воспоставија соработка со компаниите Dräxlmaier во Кавадарци и  Kostal, ODW-Elektrik и ЛТХ Леарница во Охрид“, рече министерoт Адеми, најавувајќи дека во следната фаза планирано е да се прошири дуалното стручно образование и во другите училишта.

Конференцијата Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ) e поддржана од УСАИД, Холандската амбасада и Преда Плус М.

apostolska_i_ademi

Извор (текст и фотографии): www.vlada.mk

Најново

mirakovska

Се проширува опфатот на отпис на камати на долгови, се намалуваат и трошоците на постапката

misovski-sobranie

Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите

nsdp-logo1

Да се напуштат теснопартиските, а да се поддржат државните интереси

nsdp-logo1

Пружена ни е историска можност преку членство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели

vinica2

Мисовски: Сите атрибути на македонскиот идентитет се забетонирани

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП