• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Апостолска во Солун: Македонија нуди стимулативни услови за нови инвестиции

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера и денеска оствари работна посета на Солун, каде што се одржува 83. трговски саем „Хелекспо“. Оваа година почесна земја гостин на саемот се Соединетите Американски Држави, од каде беа присутни голем број компании.

31012018125352_web_zorica_apostolska_minister_(1)

Во рамки на дводневната работна посета министерката Апостолска реализираше повеќе работни средби со претставници на реномирани американски компании од повеќе индустриски сектори, како што е производство на компоненти за авионската индустрија, производство на машини за рециклирање, наменско производство, производство на светлосни уреди, софтверски решенија за игри на среќа, производство на стаклена амбалажа и текстилната индустрија.

На работните средби стана збор за можностите и стимулативните условите за инвестирање во Македонија кои се нудат со мерките од владиниот План за економски раст. Од страна на министерката Апостолска беше потенцирано дека со Законот за финансиска поддршка на инвестиции е воведен транспарентен процес на финансиска поддршка за реализација на нови инвестиции од страна на странски компании, при што беше посочено дека владините економски политики се унапредени во правец на поставување цврста правна рамка, со јасно поставени, јавно достапни и однапред познати критериуми.

Во рамки на оваа работна посета, министерката Апостолска ја посети и индустриската зона во Солун, каде што имаше средба со претставници на компанија што се занимава со производство на абалажа од стакло, а на која од нејзина страна беше детално презентиран пакетот мерки за поддршка на инвестициите од Планот за економски раст.

Најново

mirakovska

Се проширува опфатот на отпис на камати на долгови, се намалуваат и трошоците на постапката

misovski-sobranie

Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите

nsdp-logo1

Да се напуштат теснопартиските, а да се поддржат државните интереси

nsdp-logo1

Пружена ни е историска можност преку членство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели

vinica2

Мисовски: Сите атрибути на македонскиот идентитет се забетонирани

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП