• eu mk
  • pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu

Министерката Апостолска на работна средба во Сојузот на стопански комори на Македонија

Подобрување на деловниот амбиент преку интензивирање на соработката на домашни и странски инвеститори во земјата, со посебен акцент на важноста од влез на компании кои користат повисоки технологии со оглед на лимитираните можности и ресурси на малите и средни претпријатија за вложување во истражување и развој, како и квалификувана работна сила која ќе одговори на потребите на пазарот на труд се темите на кои дискутираа потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Александар Милошевски и членовите на Управниот одбор на ССК со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

SSK18072018

Министерката Апостолска ја истакна важноста од соработката на домашните и странските инвестиции,  како и можностите од новиот Закон за финансиска поддршка на инвестиции во правец на поставување на цврста правна рамка, со која освен поддршка за инвестициите и конкурентноста, на компаниите им се дава  сигурност.

„Уште од самиот почеток како Влада процесите на креирање на економските политики ги отворивме за домашниот бизнис, компаниите на проактивен начин беа вклучени во процесите на креирање на економските политики кои резултираат со усвојувањетона Планот за економски раст. Владата ја препознава важноста од поддршка на домашните компании за подигнување на нивото на конкурентноста на домашната економија и остварување на реални и долгорочно одржливи стапки на раст на БДП.  Овој пристап кон домашното стопанство може да се препознае од Планот за економски раст, во чиј рамки е и Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Јасно се гледа дека нашата цел, покрај потикнување на нови странски инвестиции, е и јакнење на конкурентната способност и на домашните компании. Законот дава поддршка за градење на капацитети за освојување на нови пазари, се стимулира усвојувањето и воведување на нови технологии во процесите на производство.  Намерата е економскиот раст и развој на земјава да го поставиме на здрави темели преку градење на успешни интеракции помеѓу домашните и странските компани, преку размена на искуства, знаења и нови технологии“ рече Апостолска и притоа истакнувајќи дека со поканата за пристапни разговори за членство во НАТО деловната клима во Република Македонија добива стабилност и безбедносни гаранции, што се главните предуслови за преземање на сериозни деловни потфати или инвестиции од страна на компаниите.

„Веруваме дека влезот на нови технологии ќе придонесе компаниите да ја зголемат својата конкурентност. Потребна е консолидирана оценка на потребите на стопанството и човечките потенцијали во земјата со можност за преквалификации, а долгорочно стратешка промена на севкупниот обрзовниот систем.  Влезот на компании кои ќе користат технологии со повисока вредност значи зголемување на продуктивноста, а со тоа и зголемување на стандардот. Македонските компании и младите претприемачи имаат навистина одлични иновативни идеи,  што можевме да го видиме и проектите кои добија грантови на Фондот за иновации и технолошки развој. Финансиската поддршкта и инвестицијата во нив ќе значи раст на продуктивноста и конкурентноста“, рече Александар Милошевски и ја истакна потребата од заедничка инвестиција во проектни активности на странските со домашните инвеститори со цел да се овозможи нивен натамошен раст и развој.

На состанокот стопанствениците во Сојузот од сите сектори  понудија интензивирање на соработката со стопанството со цел заедничка работа на оваа проблематика. Исто така, беше нагласено дека технолошко иновативните процеси на компаниите им овозможуваат да се специјализираат, да ги исполнат меѓународните стандарди за најдобри практики, да го надградат квалитетот, да ги намалат трошоците и најважно од се да отворат нови работни места.

Најново

ohrid1

На 30 септември Европа да стане наш дом

apostolska

АПОСТОЛСКА: ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА ВЛАДАТА ДАВААТ РЕЗУЛТАТ

Kocani3

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот ако им се дадеше амнестија

DSCN9056

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА НСДП ВО КОЧАНИ

IMG-9117bbc345260a37b2c78cc8c074d979-V

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕТКОВСКИ И СЕКРЕТАРОТ ТРАЈКОВСКИ ВО ГОСТИВАР НА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП