МИСОВСКИ: ДПМНЕ и ДУИ го реализираат завршниот чин на измамничката тактика

Собрание на РМ, Говор на Координаторот на Пратеничката група на НСДП, Горан Мисовски, во врска со точката за распуштање на Собранието на Република Македонија:
 goran-misovski222
Денешната седница за распуштање на Собранието, предизвикување на предвемени парламентарни избори и нивно одржување заедно со вториот круг од претседателските избори е завршница од фингерајот и сценариото на Никола Груевски и Али Ахмети. Има една серија на БН ТВ се вика балкански превари или балкански прељубници, каде што неверствата се јавно се разоткриваат, а преварантите пред камери кажуваат кој кого преварил или кој кого го изневерил. Денес после 6 години заеднички брак помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во јавноста преку оваа седница, а во договор помегу Никола Груевски и Али Ахмети, на крајно провиден и прозирен начин, ќе го реализираат завршниот чин на измамничката тактика на ДПМНЕ и ДУИ.
Сите услови за серијалот балкански превари се исполнети. Има камери има новинари, прељубниците се присутни и претставата може да почне.
Прв чин-ДУИ бара консезуален кандидат за претседател на РМ и така го лажеше сопственото членство.
Втор чин-ДПМНЕ будно ја следи ситуацијата демек не се согласува со таа идеја. Никола Груевски вели, не даваме никој да не уценува, па така лажејки го сопственото членство, ќе го открие најголемото чудо или најголемата прељуба од Али и ДУИ, дека барајки консезуален кандидат за претседател, сакаат да ја дестабилизираат РМ. 
И на крајот во Третиот чин– во таа преварнтско прељубленичка епизода Али Ахмети го повлекува единствениот потег кој што му оди во прилог на Никола Груевски, давајки согласност за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со вториот круг на претседателски избори, со што практично „условно кажано“ вредноста на албанските гласови ќе биде 0 или поточно албанските гласови воопшто неможат и нема да влијаат во обезбедувањето на минималниот цензус за избор на претседател на РМ од 40%. Излезноста на парламентарните избори сите години наназад се движела од 65-75%, што практично значи дека цензус за избор на претседател на РМ ќе биде обезбеден без притоа воопшто да не е важно дали ДУИ ќе ги бојкотира или нема да ги бојкотира претседателските избори. 
Почитувани грагани, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ шест години се заедно во брак во владата. Вработуваат партиски членови, и едните и другите, за потоа да ги уценуваат, сите закони заедно ги предлагаат и заедно ги гласаат, сите тендери пола-пола ги делат за тендер бег и нашиот македонски бег да бидат среќни и задоволни и денес очекуваат некој нормален во РМ да поверува на фингерајот што сакаат да ни го продадат.
Договорот е направен многу одамна.Ти мене решавање на хашките предмети, јас тебе подршка за реализација на сите глупости кои што може да ги смисли еден политичар и една политика во функција на разнебитување и поделба на државата, предизвикување на вештачки кризи во функција на потикнување на национализмот, контролирана нестабилност преку фингирани инциденти помегу Македонци и Албанци, промена на македонската историја, уништување на медиуми, рушењето на основните граѓански права и слободи, пљачка на македонското богатство и пљачка на граѓаните на РМ. 
Најголемиот патриот Никола Груевски им ги подметна хашките предмети да ги решат пратениците од коалицијата на ДПМНЕ, или поточно, гордите послушници и лажните патриоти во Собранието, на кои што заради мениците за послушност им е одземено правот да размислуваат и расудуваат по сопствено убедување, за да денес Али Ахмети и ДУИ ја покажат својата благодарност со давање на согласност за одржување на предвремени парламентарни избори во вториот круг на председателските избори и директно му помагаат на Никола Груевски, преку излезноста за парламентарни избори да обезбеди цензус и за претседателските избори. И на тој начин Ѓорге Иванов практично може да се заклучи дека е заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Ќе ве потсетам само на еден пример од бракот од интерес помегу ДПМНЕ и ДУИ кога преку едно добро осмислено сценарио за контролирана нестабилност во РМ, кога ВМРО-ДПМНЕ навечер градеше црква на Калето, а преку ден високи функционери на ДУИ истата ја рушеја. Полицијата како во театар го следеше целиот настан, па се случи заменикот министер за внатрешни работи од редовите на ДУИ, на учесниците во инцидентот, да им ги вади лисиците. Како вистински и жестоко интервенира полицијата почуствуваме ние пратениците од опозицијата и новинарите на „24 декември“ минатата година.
Ваквиот стил на владеење на партнерите во владината коалиција не треба и да биде изненадување кога приоритет во агендите на двете партии, не е македонската НАТО и ЕУ агенда, туку се тендерите и поделба на пленот 50-50. Мала група на луѓе околу премиерот и до него блиските, сигурно така е и кај другата страна, уживаат во благодетите на власта заработуваат многу пари, а едни исти луѓе и фирми добиваат милионски тендери. 500 милиони евра пари на граѓаните со ваша подршка ги туривте на неколку стотина квадратни метри во Скопје на плоштадот во најкриминалниот проект „Скопје 2014“, во згради и споменици. Народот гладува, а вие се изживувате, го силувате центарот на Скопје, трошите народни пари и око не ви трепнува што народот го доведовте до просјачки стап.
Ветивте брз економски развој многу демократија и европска политика, која беше спакувана во скапи реклами со многу елемнти на криминал, ветивте 8 милјарди странски инвестиции, ветивте портокалова револуција. А портокаловата револуција инсталираше општество во кое нема дебата, преку прес конференции се создава атмосвера на страв и закана,за секој оној кој ќе се дрзне да го искритикува Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Политичките конкуренти се жигосуваат како страснки платеници и предавници. Партијата директно се заканува на новинари и колумнисти, а ги заштитува нивните насилници и мегафони. ИК на ДПМНЕ одлучува за се. Кој ќе оди во притвор кој ќе оди во затвор, кој ќе биде пуштен од притвор и кој ќе биде прогонуван, жигосуван без никакви аргументи преку скапите реклами  во медиумите, преплатени и финансирани од Буџетот на РМ и без притоа да се има минимум чувство на грижа на совест дека се работи за човечки судбини. Случајот Кежаровски, Шиповиќ и многу други се доказ за ова за кое што говорам. После мега финасискиот скандал со непријавени станови на високи функционери најверојатно истиот тој ИК одлучува и кој колку станови како награда за ваквата политика ке добие на адресата на улица „Димче Мирчев“ или меѓу граѓаните сега веѓе позната како вмровска зграда. Најстрашно од се е што наместо декократско инсталиравте вмровско опшество. Заради се ова за кое што говорев коалиционите партнери ДПМНЕ и ДУИ одлучија да си помогнат еден на друг да ги спојат предвремените парламентарни избори со вториот круг на претседателските избори за Ѓорге Иванов да биде заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да создадат хаос со поклопувањето на изборните кампањи и повторно да се обидат наместо како и во сите демократски општества, наместо гласачите, бројачите да одлучат за изборниот резултат.

Најново

МИЛКОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ВАШИНГТОН ДЕРЕК МИЧЕЛ ЗА ДЕСЕТГОДИШНИОТ ПРОЕКТ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И НДИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗАКОНОВНИОТ ДОМ

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРКАТА БОШКОВСКА-ЈАНКОВСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ И ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА ГЕНЕРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ПРАВДА, ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА НА ПС НА ПСЈИЕ НА ТЕМА: „БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Честит 9ти Мај! Ден на Европа. Ден на победата над фашизмот.

НСДП ги повикува сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП