• eu mk
  • pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu

НСДП дава целосна поддршка на договорот помеѓу владите на Р.Македонија и Р.Грција за решевање на спорот за името

Новиот Извршен одбор на НСДП на својата конститутивна седница, која ја одржа вчера  (21.06.2018), даде целосна поддршка на постигнатиот договор помеѓу владите на Република Македонија и Република Грција за решевање на 27-годишниот спор за името и го усвои следниот став:

nsdp-logo1

По  повеќе години изгубени во изолација, авторитарно владеење, нарушени односи со соседите,  национал-романтичарски манипулации со чувствата на народот, популизам, позади кој се криеја лукративни и коруптивни интереси на политички елити, Македонија дојде до точка на пресвртница. Еден од најтешките проблеми со кои се соочувавме од осамостојувањето до денес, кој не држеше на маргините од демократските политички текови на Европа, со потписите на премиерите на Македонија и Грција се направи првиот чекор за негово надминување. Со потпишувањето на Спогодбата за решавање на проблемот со името, пред Македонија се отворија перспективи за воведување на цивилизациски и европски вредности во управувањето со државата. Решението е повеќе од билатерално, во себе носи стабилизација на регионот и градење на пошироко регионално стратегиско партнерство во напорите за зачленовување во ЕУ и НАТО.

Македонскиот јазик и идентитет се загарантирани, добиваат меѓународен легитимитет. Посебноста на македонскиот народ не е на ниту еден начин загрозена, генерирањето на стравови кај граѓаните дека се загорузува опстојувањето на македонскиот народ, производ е само на рудиментирани и компромитирани политики на центри кои своето политичко егзистирање го темелат на национализам и политички митологија свртена кон минатото, кон изолацијата.

Стратешките определби за ЕУ и НАТО по потпишувањето на Спогодбата наметнуваат императив од брзо спроведување на сите формално-политички процедури за нејзино целосно имплементирање. Пред нас е историски момент, нов „Илинден“, се отвораат европските перспективи пред Македонија, се отвора ново поглавје во историјата на државата, што бара од сите политички фактори, без одложувања и било какви пролонгирања, да се вклучат во донесувањето на сите неопходно одлуки кои ќе значат спроведување на решението на проблемот со името.

Од одговорноста на сите политички партии и политички фактори во овие денови зависи дали ќе си ја завршиме преземената обврска во пресрет на Советот на ЕУ и Самитот на НАТО. Сите политичките партии кои партиципираат во Собранието на Република Македонија, вклучително и на Претседателот на Република Македонија, во овие моменти потребно е да пристапат кон рационално согледување на политичките и економски перспективи кои се отвораат за идните генарации, неопходно е да демонстрираат нов начин на водење на политиката во земјава, начин кој значи изградено чувство за подабар квалитет на живот за сите граѓани на Македонија. Себичните политички калкуции, пропратени со реторика на поттикнување на ирационални стравови кај граѓаните дека некој нешто сака да им земе, да ги поништи, не е ништо друго тука отворање на вратата кон пропаста на државата.

Пред нас се два клучни датума, на кои историската одговорност на актуелната политичката генерација за зачувување на државата ќе биде верификувана на 28 јуни од страна на Советот на ЕУ, со добивање на датум за почеток на преговори, и на 12 јули со самитот на НАТО. Со отворањето на вратите на НАТО и ЕУ за Македонија, освен безбедносни гаранции ќе се стекнеме и со институции кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и секако, економски бенефици. Македонија ќе ја заокружи својата државност.

Граѓаните ќе имаат фер шанса на референдум да преземат дел од историската одговорност и да одлучат за тоа во каква држава ќе живеат идните генерации. Во пресрет на оваа одлука, граѓаните треба да ги потиснат емоциите, да дозволат да надвладее разумот, затоа што само на тој начин може да се изгради реален однос кон оваа прашање и да се согледа дека патриотизмот во 21-от век, век на растечка политичка и економка меѓузависност на државите, се состои во препознавањето на фактот дека егзистенцијата на нациите, односно на државите, не води преку патот на самоизолација од модерните политички текови.

Најново

ohrid1

На 30 септември Европа да стане наш дом

apostolska

АПОСТОЛСКА: ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА ВЛАДАТА ДАВААТ РЕЗУЛТАТ

Kocani3

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот ако им се дадеше амнестија

DSCN9056

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА НСДП ВО КОЧАНИ

IMG-9117bbc345260a37b2c78cc8c074d979-V

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕТКОВСКИ И СЕКРЕТАРОТ ТРАЈКОВСКИ ВО ГОСТИВАР НА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП