• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Министерката Апостолска оствари работна посета на општина Велес

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера (14.06.2018) оствари работна посета на општина Велес каде имаше средби со градоначалникот Аце Коцевски и претставници на локалната бизнис заедница, при што ги посети и компаниите Маркард и Ронтис.

v2

На средбата со градоначалникот Коцевски, министерката Апостолска беше информирана за економските развојни планови на општината, за капацитетите за гринфилд инвестиции во индустриските зони Караслари и Мамутчево, како и за браунфилд објекти кои би можеле да бидат понудени на потенцијални странски инвеститори. Стана збор  и за реализација на концептот на дуално образование во општината во соработка со бизнис секторот, што беше заеднички оценето дека ќе придонесе за поголема конкурентност на локалните претпријатијата и намалување на невработеноста, како и на одливот на стручниот кадар.
Министерката Апостолска го информираше градоначалникот за можностите за финансиска поддршка кои произлегуваат од Планот за економски раст и кои им стојат на располагање на бизнисмените од Велес.

Во рамки на посетата, заедно со претставник на Фондот за иновации и технолошки развој, пред триесетина сопственици на компании беа презентирани мерките за поддршка на инвестициите од трите столба на владиниот План за економски раст.

„Она што сакаме да го стимулираме е и зголемување на вложувањата на домашните компании во нови проекти, во проширување на сопствените бизниси, во градењето на деловни релации со успешни странски компании, како и во освојувањето на нови пазари. Намерата е економскиот раст и развој на земјава да го поставиме на здрави темели преку градење на успешни интеракции помеѓу домашните комапнии и странските компани, преку размена на искуства и знаења, преку усвојување на нови технологии. Само на тој начин домашното стопанство ќе може да одговори на предизвиците кои ги поставуваат глобалните пазари“, рече министерката Апостолска пред бизнисмените од Велес.

Во рамки на работната посета на општината, министерката Апостолска ги посети германската компанија Маркард и швајцарската Ронтис, при што имаше работни средби со менаџметот на компаниите, а на кои се разговараше за владините политики за поддршка на инвестициите, како и за плановите на компаниите за проширување на своите призводствени капацитети во земјава.

Најново

foto

Министерката Апостолска се сретна со црногорскиот амбасадор Предраг Митровиќ

mirakovska

Се проширува опфатот на отпис на камати на долгови, се намалуваат и трошоците на постапката

misovski-sobranie

Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите

nsdp-logo1

Да се напуштат теснопартиските, а да се поддржат државните интереси

nsdp-logo1

Пружена ни е историска можност преку членство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП