АЦЕВСКИ: ВЛАДАТА НА МАЛА ВРАТА ВРШИ УПАД ВО АВТОНОМИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ

21 февруари, 2014
nikolce_press_bt_17_april1Собрание ма РМ, Говор на пратеникот на НСДП. проф.д-р Николче Ацевски: 
 
Читајќи ги 16 те закони по скратена постапка во делот на образованието се прашувам, ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ. Дали некој знае на каде оди Системот за образование. 
Под маската на усогласување со законот за административни службеници со овај Закон се врши директен упад во автономијата на Универзитетот, автономија која е гарантирана со Уставот на Р. Македонија.
И не ме чуди што е така, јас уште пред 5 години кога сегашниот претседател Ѓорѓе Иванов беше поддржан за кандидат од трите ректори на Скопскиот, Штипскиот и Битолскиот Универзитет бидејќи бил универзитетски професор, иако дури четворица во трката беа универзитетски професори, но не беа поддржани, реков дека политиката наголемо ќе влезе во Универзитетите и тоа се случи.
Секој министер кој доаѓаше, а богами се сменаа 5 или 6 за 7 години (во просек едн министер трае по година и нешто) си носеше свои закони на секои неколку месеци и со секој Закон се вршеше дополнителен упад во автономијата на Уиверзитетот.
Со последниот Закон за високо образование кој денес го разгледуваме, се прави дистинкција помеѓу работните места на административни службеници и помошно-технички лица во однос на Универзитетските професори и соработници (кои во Законот се наречени ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ).
Но иако се прави оваа дистинкција, замислете, за да се вработи еден Универзитетски професор на одреден факултет, односно Универзитет, е потребно согласно член 1 и додадениот член 10 д, Ректорот, по претходно мислење на Министерството за информатичко опшество и администрација, како и по претходна согласност од Министерството за образование и наука, донесува годишен план за вработување на админстративни службеници, даватели на јавни услуги и помошно-технички лица во ВО установи за следната година, согласно со Законот за вработените во јавниот сектор.   
Или со други зборови Ректорот ќе биде англиска кралица, а за вработувањата на професорите ќе одлучуваат дури три министри заедно со онај за финансии кој нели треба да даде согласност за финансирање на работно место, Ставревски, Ристевски и Иво Ивановски. Значи последниот од овие министерот за администрација треба да дозволи да се прими Универзитетски професор иако не се работи за административен работник.
Со член 4 Министерството за образование и наука врши директен упад во автономијата на Универзитетот и предлага, основната литература од ставот 5 на овај член, задолжително ја содржи и литературата која ја обезбедува, печати и доставува до ВО установи. 
Значи се работи за литература за која Владата потроши десетици милиони евра за да се преведе, иако преводите се во повеќето случаи катастрофа, и која сега им ја наметнува на Универзитетските професори како основна.
Тогаш логично се поставува прашањето зошто воопшто професорите пишуваат свои учебници, нешто кое мора да го прават за да бидат избрани во повисоко наставно-научно звање, и по кој учебник сега ќе учат студентите, по тој на професорот или тој преведениот.
На студентот чиј предмет изнесува просечно 6 кредити не смее да му се даде литература поголема од 300 страни. Со ваквото законско решение странскиот учебник станува основен а тој од професорот дополнителна литература да не речам непотребен.
Од друга страна студентите ќе се соочат со погрешни термини, и величини кои воопшто не се употребуваат во Р. Македонија. Еве на пример јас сум напишал учебник по Електротехника во кој децидно стои дека номиналната фреквенција на наизменичната струја во Р. Македонија изнесува 50 херци. Ако оваа фреквенција варира за 0,5 херци или за 1 % Електроенергетскиот систем на Р. Македонија ќе падне. Во америчкиот учебник пишува дека дека номиналната фреквенција изнесува 60 херци. Значи се работи за сосема различни системи. Или номинален напон за домаќинствата монофазен во Македонија е 220 волти а трофазен 380 волти. Во други дрѓави тој изнесува на пр. 250 односно 430 волти. Значи студентите треба да учат од книги кои воопшто не можат да се применат во Р. Македонија. 
Ова е само еден пример од мојата бранша кој во го наведов а вакви примери има во секоја свера. Вчера колешката Данева зборуваше какви реперкусии тоа би имало во правото на пример. Значи едно е странските учебници да се предлагаат како дополнителна литература а сосема друго да се предлагаат за основна литература како што е случај во овај закон.
Значи за да знаат граѓаните ние како опозиција поднесовме 10 тина амандмани но за жал никој од тие амандмани не беше прифатен од гласачката машинерија на владеачкото мнозинство. 
 Замислете почитувани граѓани власта дури и се заканува со следниот член 5 ако не се почитува Законот во делот на овие преведени учебници да станат основна литература, професорот се казнува со глоба во висина од 1500 евра а одговорното лице (декан, ректор) со казни до 5000 евра ако не ја објави оваа основна литература на wеб страницата на Универзитетот односно факултетот или ако истата не ги содржи овие преведени учебници од страна на МОН.
Очигледно дека на власта и фалат пари од казни и глоби за да го полни буџетот, бидеќи го троши немилосрдно и се расфрла со разни непродуктивни трошења особено во предизборен период,  па си внесува во член 6 уште поголеми казни и глоби.
Така на пример внесува казни од 7000 евра за одговорното лице доколку во наставата не биде вклучен истакнат стручњак од практиката од соодветната област, или ако не биде организирана практична настава за студентите во секоја студиска година која не може да биде пократка од 30 дена. 
Значи министерството за образование и наука кога ги предлага ваквите казни треба да знае дека реално постојат тешкотии да се обезбедат стручњаци од практиката по секој предмет и во секој семестар (едноставно некои не сакаат да држат предавање или не се соодветно платени за тоа), а исто така треба да знае дека фирмите (особено државните) не обезбедуваат пракса за сите студенти од одредена студиска програма. 
Така на пример конкретно за студентите на Електротехничките факултети кои ги има 3 во државата и на кои студираат просечно по година по 200 студенти од електроенергетските насоки конкурсите изгледаат вака.
Регулаторна комисија за енергетика ќе прифати 1 студент.
Агенција за енергетика 1 студент.
Институт за стандардизација 1 студент.
АД Елем 10 студенти, АД Мепсо, 5 студенти, ЕВН Македонија 5 студенти.
Што правиме со останатите. Државата наместо да казнува треба најпрво да овозможи врска помеѓу факултетите и бизнис заедницата која ќе биде од взаемен интерес. Ако државата ја исполни својата улога тогаш можеме да разговараме и за вака предложените казни.
Вака навистина ми личи дека нити бродот знае на каде плови, нити неговиот капетан кој и да е по ред во овие 7 години знае на каде го води и дали воопшто ќе стигне до копно или ќе остане заглавен на отворено море.    

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство