Министерката Апостолска оствари работна посета на општина Битола

1 јуни, 2018

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера(30.05.2015) оствари работна посета на општина Битола, каде имаше средби со градоначалничката Наташа Петровска, со претставници на локалната бизнис заедница и со директорот на индустриската зона „Жабени“, Александар Марковски.

Bitola30052018-g

На средбата со градоначалничката Петровска, министерката Апостолска беше  запозната со инфрастуктурните проекти кои се реализираат и се планира да се реализираат во општината, а кои се во функција на создавање на стимулативни предуслови за започнување на инвестициски проекти од страна на домашни и странски компании. Стана збор и за плановите на општината за развој на индустриски зони, кои во себе опфаќаат локации и објекти кои би можеле да бидат понудени на заинтересирани странски компании за реализирање на браунфилд и гринфилд инвестиции.

На средбата со претставници од битолската бизнис заедница беа претставени можностите за инвестирање кои се нудат со Законот за финансиска поддршка на инвестиции, при што од страна на министерката Апостолска беше истакнато дека со Законот се воведува транспарентен процес на финансиска поддршка, како и подеднаков третман на домашните и странските компаниите.

Од страна на министерката Апостолска беше нагласено дека со реализацијата на мерките од  владиниот  План за економски раст се очекува раздвижување на економијата, подобрување на работењето на компаниите, зголемување во квалитетот и продуктивноста на работењето, како и зголемуивање на бројот на вработувања и нивото на платите кои се исплаќаат во стопанството. Во своето обраќање пред битолските стопанственици, министерката Апостолска посочи дека на домашните комапнии им се овозможуваат стимулативни услови за зајакнување на капацитетите за соработка со странски компании кои работат во земјава.

На работната средба со директорот на индустриската зона „Жабени“, Александар Марковски, министерката Апостолска беше запозната со работењето на зоната и нејзината искористеност, со условите кои истата ги нуди за странски компании и плановите за нејзино понатамошно развивање.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство