• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Министерката Апостолска се сретна со германскиот амбасадор Герберих

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера(понеделник 28 мај 2018 година) во амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје оствари работна средба со германскиот амбасадор Томас Герберих.

31012018125352_web_zorica_apostolska_minister_(1)

На средбата се разговараше за економско-трговските релации помеѓу двете земји, можностите за нивно понатамошно унапредување и поголемо искористување на потенцијалите за инвестирање во Република Македонија од страна на германски компании.

Заеднички беше констатирано дека досегашната економска соработка помеѓу двете држави е на високо ниво, за што освен одличната трговска соработка зборува и фактот дека во Македонија работат околу 200 фирми со германски капитал, во кои се вработени над 20 илјади луѓе. Германија и Македонија во 2017 година остварија трговска размена од 3,15 милијарди евра.

Амбасадорот Герберих потенцираше дека стабилизацијата на политичката клима, работата на реформскиот процес, особено обезбедувањето на правна сигурност се значајни фактори за германските компании да инвестираат во Македонија, и очекува дека позитивниот тренд во економските релации помеѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.

Министерката Апостолска го информираше амбасадорот дека неодамна на сила стапи Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кој овозможува стимулирање и поддршка на странските и домашните компании, на еден транспарентен и недискриминирачки начин, да започнуваат нови инвестиции во земјава.

Од страна на германскиот амбасадор и министерката заеднички беше оценето дека Германија е значaен политички сојузник на Македонија на патот на европските и евро-атлански интеграции и напредокот што го прави земјава во приближувањето кон ЕУ и НАТО.

Најново

nsdp-logo1

НСДП дава целосна поддршка на договорот помеѓу владите на Р.Македонија и Р.Грција за решевање на спорот за името

v2

Министерката Апостолска оствари работна посета на општина Велес

hr1

Министерката Апостолска се сретна со хрватската амбасадорка Баришиќ

kp1

Министерката Апостолска оствари работна посета на општина Крива Паланка

co0206-1

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП