Трајковски: Гебелс vs. Ќосето

27 април, 2018

ВЕБ Колумна на Владимир Трајковски, општинска организација на НСДП – Велес

Една француска поговорка вели : Со Владици, револуција не се крева. Таа поговорка мирно можеме да ја примениме и во случајов. Господата владици не само што неможат, туку и не сакаат да го разберат новото време. Овие денови тие заедно со уште неколку одбрани цветчиња кои растат во градината на плутократија, се плашат од својот сопствен народ и најпосле, се плашат од самите себе.

Тие самите ја втурнаа Македонија во една катастрофа од големи димензии кои претходно не ги предвидоа. Тие си мислеа дека се вечни и дека ова за нив ќе претставува еден пријатен лов. Тие беа секогаш надмени, па сигурно и доволно глупави за да се решат темелно да ја проучат нивната грешка, вољата на народот, и нормално консеквенците кои што ги стасаа.
Но овие господа не само што не застанаа овде туку одат уште и понатаму, небаре ќе го решат Сизифовскиот мит.

Плутократите и сите нејзини доминиони ќе станат објект на најголеми социјални грижи. Кога ќе подзастанеме малку за да размислиме и потоа да решиме некоја ситуација, кога ќе видиме колку сме се збркале и што сме направиле веќе не знаеме како и со што самите да си помогнеме. Ако пак им нанесуваме умешни и прецизни удари, тогаш започнуваат да се потсмеваат и да тврдат дека сме постапиле совршено безмислено, водени од очајот,се разбира. Но не излезе така. Паднаа. Тие кои што го претепуваа и го убиваа од ќотек народот, сопственото население, го испокрадоа, му набиваа рогови и мислеа дека можат да го влечат до безкрај, тие истите што имаа рогови ги боднаа и ги клоцнаа во заборав.

И сега се во стапицата. Обрачот се посилно се затегнува околу нивниот остров. Јажето со кое сакаа да не задушат, денес се стегна околу нивниот врат. И сега барајќи помош од возвишениот, гледајќи дека сегашноста им е мрачна и неможе ништо да се направи за неа, бараат очајнички спас.

Јас верувам, а исто така и вие, не сте изненадени што токму со такви безмислици се обидуваат да го заглупават и да го измамат нашиот народ, а тоа и онака е многу тешка работа. Таков е моралот на старите развратници кои трчаат в црква за да се покајат. Како што е познато овој тип на луѓе се секогаш многу (или пак сметаат дека е така) по набожни од другите, тие се преполни со свети изрази, затоа што ги искусиле сите задоволства и чувствуваат страв дека еден ден ќе треба да ги платат.

Меѓутоа зошто ова го нареков Гебелс vs Ќосето ? Имено за оние кои што незнаат Гебелс е таткото на националистичката пропаганда на Хитлер, тој е човекот што го наметнува митот за Хитлер и иако не е од првите дејци во тогашниот Рајх, тој целиот свој живот го посветува на успехот на нацистичкото движење.

Мал доктор, куц ѓавол, зол демон, тоа се само некои од ептитетите за улогата што ја имал Гебелс во светската и германската нацистичка пропаганда и политика.

А додека пак овој што беше излеан и поставен пред палатата на правдата со нож в рака, Ќосето, е Македонски контроверзен револционерен лик кој си го има погубено сопствениот брат. Од тука споредбата ми е очигледна. Незнам како поинаку да ви соопштам, колку бедно и очајно изгледаме и делуваме во западноевропскиот свет, кој што има култура, закони, традиција, и рамки, но и тој не е совршен.

Доста веќе делувавме бедно, сега кога барем малку тргнавме напред со самата промена на власта. Заев како предводник на “тешкото” верувам дека со мудри и добро смислени постапки и одлуки ќе не однесе онаму каде што припаѓаме , а тоа сигурно не е Јамата на Иван Горан Ковачиќ, туку силно светнатото сонце, демократските вредности, слободата на говорот, пишаниот збор, и сето она кон кое се стремиме и кон кое треба да биде изградено едно современо општество.

Верувајте дека тие нема да се спасат лесно, нема потреба да не загушуваат со своите намери за минатото. Ние сакаме да дознаеме што тие сториле до сега. Помина времето кога можеа толку лесно да се извлечат. Денес луѓето сакаат да ја дознаат вистината. Во овој момент, се уште многу се измамени но ќе ги извлечеме и нив, нема да бидете оставени. Јас не ги сакам повеќе празните фрази бидејќи немаат нити желба, нити намера да ја исправат оваа ситуација.

Ние вклучувајќи ме овде и мене, нема да престанам да се трудам да бидам од оние спасителите кој што ќе сакаат да му се претстават на обичниот човек и со тоа да му покажеме и на овој народ, а и на Европа дека тие што беа позади нас се минато во споредба со она што доаѓа сега, а тоа е дека семето на оние доброчинители, ќе го фрлиме низ луѓето уште во неговата најрана возраст, и проблемите нема да ги решаваме со премолчување, туку нај ефикасно е тие дирекно да се регистрираат и смело да им се пристапи кон нивно решавање. Само така брзо ќе се дојде до решение. Овој мој народ на кои што припаѓам и јас, е народ и библиски, и антички, и словенски, и европски, а пред се, е народ за иднината. Јас, а верувам и вие се обврзуваме да исполниме се што е потребно за крајната цел, а тоа е мултикултурно и сеприфатно општество, еднакво за сите.

*Колумните објавени на сајтот на НСДП не секогаш ги одразуваат ставовите на партијата, туку личните погледи и ставови на колумнистите

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство