НСДП предлага зголемување за 50% на средствата за енергетска сиромаштија

10 февруари, 2014

nikolce_nsdpИзјава за порталот МАКТЕЛ на потпретседателот на НСДП, проф.д-р Николче Ацевски: 

Според НСДП, мерки на СДСМ за ослободувањето на корисниците на социјална помош од плаќање на државни давачки, како што е радиодифузната такса, прогресивност во плаќањето на клучните јавни услуги, како и мерката за проширување на опфатот на граѓани кои се соочуваат со енергетска сиромаштија, претставуваат добри мерки.

Според професорот д-р Николче Ацевски, потпретеседател на НСДП и пратеник во Собранието, „700 денари кои државата ги одделува за социјално ранливите категории, како мерка за енергетска сиромаштија се мизерни, а понекогаш каснат и по цела една година.“ Според него, во најмала рака овие 700 денари треба да се зголемат за 50% и да изнесуваат 5% од просечниот личен доход во Македонија, кој изнесува 21 илјада денари, односно за оваа категорија на граѓани, средствата за енергетска сиромаштија да изнесуваат 1050 денари.

 “Само на ваков начин, иако и овие средства не се доволни, ќе можат социјално ранливите категории некако да ја презимат зимата, во однос на трошокот за електрична енергија„ вели Николче Ацевски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство