• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Владимир Трајковски: Зошто сме вакви?

28458802_1949367518613981_368365843_nНеверојатната менливост на она што би го нарекле “национален карактер”, често се случува под влијание на фактори кои тешко може да се вбројат во “базичните институции”, како на пример, под влијание на некој силен водач, од друга страна истата таа менливост го доведува во прашање и спортивниот теоретски постулат според кој може да се зборува за “трајно и цврсто оформени национални каракртери”. Имено, клучот на различните персонални конфигурации според Фројд, мора да биде во одредени материјални фактори, како што клучот на историјата неможе да биде содржан во разликите на персоналната конфигурација.

Оскар Луис го специфицира поимот на социјална условеност. Неговиот израз “култура на бедата”, подразбира дека сиромаштијата, како генерална состојба, ги исклучува другите системи на социјално влијание, и промовира еден генерален тип персонална конфигурација што е способен да ги впие културолошките разлики. Сен Симон сметал дека “луѓето се онакви какви ќе ги направи нивната политичка власт: расипана власт создава расипани луѓе-чесната, пак, чесни”. Значи, и економските, и политичките, социјалните, како и културните, расните, националните, климатските, физиолошките… фактори, фактори, фактори… Проблемот на алчноста на Груевски им измолкнува на сите овие приоди, без оглед на нивната методолошка, хеуристичка, и епистемолошка ригорозност. А зошто е тоа така? Рембо запишал : “Јас сум некој друг”. Хименес, нобеловецот испеал песна и збирка со карактеристични согледувања: “Јас не сум јас”, Ако сум “јас” целина на органско тело, зарем човекот што загубил дел-ногата, раката-или што извршил пластична операција, веќе не е тој, истиот “јас”.

Потрагата по нашиот идентитет, систематски ја водат, иако не и со здружени сили, од Втората светска војна наваму, психолозите, антрополозите, физиолозите, социолозите, филозофите, политиколозите… Слободата и достоинството смелоста и личната одговорност, од ваквиот концепт како да се исклучени, поради тоа што би ја оневозможиле апсолутната предвидливост на човечкото однесување. Неверојатната менливост на она што би го нарекле “национален карактер”, како Груевски често се случува под влијание на фактори кои тешко можат да се вбројат во “базичните институции”, како на пример, под влијание на некој силен водач, од друга страна, истата менливост го доведува во прашање и спортивниот теориски постулат според кој може да се зборува за “трајно и цврсто оформени национални карактери”. Доколку станува збор за предоминантно психолошки теории, своето потекло го иманесомнено во Фројд, а доколку е социолошки, тогаш во Маркс. Оскар Луис, го проширува и го специфицира поимот на социјална условеност. Неговиот израз “култура на бедата”, подразбира дека сиромаштијата, како генерална состојба, ги исклучува другите системи на социјално влијание, и воедно, промовира еден генерален тип на персонална конфигурација што е способен да ги трансцендира културолошките разлики. Се открива една нова, делумна можност, усложнувајќи го така веќе крајно комплицираното прашање за вистинскиот статус и генеза на личноста, во корелација со културата, и државата во која живееме. Личноста се оформува, може да се офомри и под такви нешта и да биде под влијание на клима, ветар, извејување и така натаму.

Информациите имаат широко поле на дејствување и вршат огромно влијание и промени во животот на цивилизираниот свет. Во денешново време тие го спојуваат човековото вчера, денес, утре… Долготрајна е кризата во нашата држава и немоќта на политиката да ја совлада. Ни се изместија и се изменија нормативно-институционалните форми на политичкиот живот, но монополистичкиот карактер на основните политички односи не се променил. Човекот ќе се роди, па ќе прогледа и ќе прооди, ќе прогови и ќе научи да живее во заедница, ќе тргне на училиште “ако има среќа” ќе ги развие своите таленти , ќе стане возрасен, ќе се вработи, ќе создаде семејство, и ќе има деца, ќе има безброј доживувања, некои радосни некои тажни некои неутрални, ќе го изврви својот век на сличен начин како сите други. Така минува човечкиот живот со едно средно траење од 50-60 години, специфичен за некоја единка, полна со енергија и најчесто со празни денови и доживувања. Доброто и лошото, црното и белото се слеваат во едно. Не постои “граница” на определување. Секој е нешто друго. Барањето, разоткривањето и разрешувањето на злото, ни се само патоказ и чекор кон октирвањето на вистинското и безнадежното. Ужасот е во нашите очи и не допира одвнатре. Верувам дека со возраста, луѓето најчесто низ борбата на секојдневната егзистенција ја губат вистинската слика за животот, која што како деца ни била присутна со сета своја сила… Тоа е можеби единствената вистинска слика за животот, која во вистинско време секој од нас ја имал, а потем ја изгубил. Со набљудувањето се создава знаење, но треба да се знае за да може да се набљудува треба да се има умешност, а веројатно овој нашиов или ја немал или ја стекнал. Кога луѓето ќе се свртат кон својот живот, се открива потребата од негово менување, исто како и на вкупниот живот на сите луѓе. Спознаените закони за заедничко живеење на луѓето ќе му помогнат на човекот да ги совлада тешкотиите, се надевам.

Потреба и нужност е во еден поинаков живот на сите луѓе да им се даде можност да се изразат, да создаваат според својата мера, да им биде добро, да живеат добро, да бидат задоволни… На тој историски пресврт ни се потребни и херои во случајов како Заев, кој со својте поединечни изблици на револуционарна свест, ниту маса како поддршка на налетот, туку како мноштво од секојдневни умни дела на рационални поединци. Безгранично верувам во мултиколтурализмот. Животот е речиси невин. Но затоа битката за него е доминантна. Сакам да живеам во слободно, културно, еманципирано, мултикултуролошко и без нитуе една спрега општество. Смртта, мирисот на крвта се чувствува во секоја реплика и реторика. Токму е тоа она што го определува балканското подрачје како неделива линија со Европа која што не проблематизира, а модернистичката визија на идентитетот е испрекршена под влијание на сите научни истражувања. Како да е некој џелат на другите, секој е жртва на властољубието на другите.

Оттаму е потребата на единката со лудоста да протестира против лудоста во себе и во другите. Оттаму е потребата да се биде “од лудоста по луд”, да се признае немоќта, да се препознае и искаже трагичното низ лудачко-карневалската изместеност на оваа власт.

*Колумните објавени на сајтот на НСДП не секогаш ги одразуваат ставовите на партијата, туку личните погледи и ставови на колумнистите

Најново

mirakovska

Се проширува опфатот на отпис на камати на долгови, се намалуваат и трошоците на постапката

misovski-sobranie

Упатувам апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните и заеднички да обезбедиме европска иднина за сите

nsdp-logo1

Да се напуштат теснопартиските, а да се поддржат државните интереси

nsdp-logo1

Пружена ни е историска можност преку членство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели

vinica2

Мисовски: Сите атрибути на македонскиот идентитет се забетонирани

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП