Министерката Апостолска се сретна со словачкиот амбасадор Маркуш

8 март, 2018

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денес оствари средба со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Хенрик Маркуш и почесниот конзул на Република Словачка во Република Македонија, Владе Стојановски.

foto1

На средбата се разговараше за можностите за понатамошно продлабочување на односите помеѓу Македонија и Словачка на економски основи, за зголемување на трговската размена и подигање на нивото на инвестиции помеѓу двете земји.

Од страна на амбасадорот Маркуш беше пројавен интерес за мерките од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија и финансиската поддршка која истиот ги нуди за компании кои сакаат да ги прошират своите производствени капацитети.

Од страна на министерката Апостолска беа детално презентирани владините економски политики и можностите кои се достапни за компаниите со новите мерки за финансиска поддршка, утврдени во Планот за економски раст, притоа нагласувајќи дека истите се транспарентни, отворени и достапни за сите заинтересирани компании.

„Владата посветено работи на градење на деловен амбиент кој ќе даде позитивен поттик и правна сигурност за секоја нова инвестиција, независно од земјата на потекло“, истакна министерката Апостолска.

Амбасадорот Маркуш на средбата информираше дека словачка компанија има конкретен инвестиционен проект за проширување на своите производствени капацитети во Македонија, за што најави дека претставници на компанијата во најскоро време ќе ја посетат земјава.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство