• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Бошковска-Јанковски: Граделе нова зграда, а во сегашните канцеларии на регистарот нема заземјување

Наместо да се развива Централниот регистар, добивката се користела за инвестиција во деловен простор. Директорката Марија Бошковска – Јанковски во интервју за Фактор вели дека тоа се правело на сметка на подобрување на условите за работа внатре во институцијата, но и оневозможило да се подобрат некои сервиси и услуги за граѓаните. Веќе е јасно дека добивката на Централниот регистар пет години по ред, со одлука на претходната Влада била префрлана на сметка на градежна компанија за да се гради нова зграда. Бошковска – Јанковски вели дека во иднина ќе инсистира сите пари кои ќе ги заработи да не ги враќа во државниот буџет, туку да се искористат за развој на регистарот.

Бошковска – Јанковски: Се уште стојам на ставот дека добивката ќе биде насочена кон развој и подобрување на услугите кон деловната заедница, како и континуирана надградба на постојната инфраструктура. Во фокусот се развојни проекти кои ќе ја подобрат работната клима на институцијата, а со тоа ќе се воспостават процеси кои го регулираат начинот на кој Централниот регистар ќе овозможи поефтини и поефикасни сервиси за корисниците. Претходно, за жал, целокупната развојна компонента на институцијата била минимизирана заради инвестиција во деловен простор согласно одлуката на тогашната Влада. Ова резултирало со постепено застарување на информатичко технолошката инфраструтктура во институцијата, прекин на континуираниот тек на развој на нови услуги кон деловната заедница и граѓаните, како и запоставување на постојниот деловен простор, посебно во регионалните регистарски канцеларии низ целата земја, од кои некои работат во суб-стандардни услови со основни недостатоци како што се заземјување, дотраеност на ситен инвентар и слично. Централен регистар започнува да се стреми во сите области од своето работење да ги применува најдобрите меѓународни практики и да ги спроведува најстрогите меѓународно прифатени стандарди, а сето тоа заради обезбедување на највисок можен квалитет на услуги за крајните корисници.

Фактор: Во Македонија се уште фирма се основа без пари, ама граѓаните им плаќаат на регистрационите агенти за услугата. Има ли простор за промена? Од друга страна колку ниските цени допринесоа за подобрување на бизнис климата во земјава?

Бошковска Јанковски: Земајќи ги предвид обемот и квалитетот на услугите, но и довербата што оваа институција ја ужива кај деловната заедница во насока на трансформирање на Централниот регистар во национална инфраструктура за единствена контактна точка на интеракција со јавниот сектор, целта во иднина ќе ни биде да обезбедиме поквалитетни услуги по пониски цени и дополнително да ги намалиме  процедурите. Точно е, во моментов, фирма во Македонија се основа бесплатно во Централниот регистар. Фокусот ќе ни биде развој и надградба на системите за регистрација, дистрибуција на податоци, на базичната регистарска инфраструктура и на интероперабилноста, односно електронската размена на податоци помеѓу институциите. Дополнително ќе вложуваме во квалитетот и безбедноста на податоците,  со оглед на тоа што од нив ја црпиме нашата вредност. Регистрационите агенти се уште се категорија која согласно законот за Едношалтерски систем регистрираат фирма во Македонија. Она што може да се очекува од Централниот регистар во периодот што следи, и краткорочно и долгорочно, е тесно следење на потребите и барањата на деловната заедница, зашто ние во суштина постоиме за да ги поддржиме деловните потфати на претприемачите и фирмите. Тесно ќе соработуваме и со сите релевантни професионални заедници за да ги усогласиме потребите и да го зголемиме дијапазонот на услуги за да им ја олесниме работата. Интензивно ќе работиме на воспоставување на дополнителни правни и регистарски механизми насочени кон подобрување на деловната клима, кон зголемување на степенот на заштита и унапредување на правната сигурност, како и подобрување на пристапот до капитал кај деловните банки.

Фактор: Регистарот почна акција за бришење на неактивните субјекти. Колку се избришани досега, по кои основи?

Бошковска – Јанковски: Во тек е објавата со преглед на трговски друштва и трговци поединци над кои Централниот регистар спроведува постапка за бришење, поради тоа што до крајот на минатата година до Централниот регистар на поднеле годишна сметка за деловната 2016 година или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием или пак по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар не го внеле односно не го уплатиле основачкиот влог. Списокот како и основите за бришење се јавно објавени.

Фактор: Најавивте дека оваа година ќе се воспостави и регионална платформа за давање услуги од повеќе земји од регионот. До каде е тој проект?

Бошковска-Јанковски: Имплементацијата на споменатиот проект е во полн ек, односно, како директен одговор на барањето на деловната заедница за информации и услуги во доменот на нивните меѓународни потфати, во тек е воспоставувањето на регионалната платформа за поврзување на сите бизнис-регистри од Југоисточна Европа, кој е поддржан од матичните влади и од Европската банка за обнова и развој. Целта е оваа платформа да прерасне во клучна инфраструктурна рамка за подобрување на економската соработка во регионот, а јас лично и мојот тим сме исклучително горди што, заедно со колегите од Србија, позитивно ќе одговориме на предизвикот да ги воспоставиме основите за приклучување на сите земји и регистри од Југоисточна Европа и со тоа директно да придонесеме кон подобрување и зголемување на трговската размена во целиот регион. Кон крајот на првиот квартал од оваа година, ги очекуваме и првите јавни сервиси како резултат на проектот.

Александра Томиќ

Најново

tito-24-analiza

За компромисот и името

31012018125352_web_zorica_apostolska_minister_(1)

Интервју со Министерката Зорица Апостолска: Очекувам жените да демонстрираат храброст и одважност

f2

НСДП прослави 12 години од основањето на партијата. Лидерот Тито Петковски порача: Живеачката за прв пат стана поважна од митологијата

3

Централен одбор на НСДП: Изборниот процес помина фер и демократски

3

НСДП НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ НАСТАПИ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП