• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

НСДП прослави 12 години од основањето на партијата. Лидерот Тито Петковски порача: Живеачката за прв пат стана поважна од митологијата

НСДП денеска во хотелот ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА, во Скопје, прослави 12 години од основањето на партијата.
f4
На прославата свое свечено обраќање пред членовите на партијата, симпатизери и претставници на дргуи политички партии, имаше претседателот Тито Петковски, кој изрази задоволство од тоа што 12 годни НСДП опстојува и дава свој белег на политичката сцена, како на локално така и национално ниво.
„Овој роденден го одбележуваме во услови на изменети општесвено-политички услови, по долгогодишна диктатура и политички кризи Македонија успеа да концентрира политичка волја и силна енергија за пораз на политичките сили кои земјата ја заковаа на доното од европските перспективи“, рече Петковски во своето обраќање.
Тој истакна дека граѓаните за првпат масовно се мобилизираа врз социјална основа, притоа надминувајќи ги етничките и верски разлики.
f2
„За првпат во повеќепартиската историја на Република Македонија, припадниците на различни етнички заедници масовно гласаа за партија и партии со доминантна припадност од друга етничка заедница. Живеачката, стандардот, човековите права и слободи за првпат стнаа поважни од митологијата и етничката припадност“, рече Петковски.
Претседателот на партијата апелираше дека мора на сите ниво на власта да се демонстрира јасна желба за градење на демократско општество со вклучување на граѓаните без разлика на нивната политичка припадност, притоа нагласувајќи дека само со единство може да се дојде до решение на сите витални прашања за опстанокот на државата.
„Како партија од владејачката коалиција веруваме во демократските идеали, бидејќи тие ги обединуваат луѓето и го туркаат општеството напред. Умереноста и транспарентноста мора да ни бидат најважни алатки во создавањето баланс на многубројните партиско-политички, етнички и верски разноликости и интереси“, рече Петковски.
f3 f5

Најново

nsdp-logo1

НСДП дава целосна поддршка на договорот помеѓу владите на Р.Македонија и Р.Грција за решевање на спорот за името

v2

Министерката Апостолска оствари работна посета на општина Велес

hr1

Министерката Апостолска се сретна со хрватската амбасадорка Баришиќ

kp1

Министерката Апостолска оствари работна посета на општина Крива Паланка

co0206-1

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП