• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Последната битка на очајниците од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавноста и медиумите:

nsdp-logo1

Во зенитот на своето политичко пустошење на државата Никола Груевски очајнички се обидува не само да се затскрива зад „народ“, туку истиот тој „народ“ да го жртвува, и по цена на човечки животи, ако тоа му носи бегство од судбината на криминалците во држава во која правото и правдата стануваат приоритети на новата власт. Токму тоа, владеењето на правото и возобновувањето на демократските принципи го туркаат да се затскрива по канцеларии, како Хитлер во бункерот во последните денови од падот на нацистичкиот режим.

Својот политички кукавичлак лидерот на ВМРО-ДПМЕН го демонстрира и во овие свои последни денови. Од Виена координираше со упадот на криминалците и убијците во Собранието, се врати од таму, почна да се затвора и да кова некакви наводни стратегии за спас на државата од канцеларии и да се повикува на ставови на граѓаните, во ситуација кога 67 пратеници ја артикулираат јасно изразената волја за промени на мнозинствотограѓани на изборите од 11 декември. Точно е дека граѓаните се носители на суверенитето, но точно е дека власта граѓаните ја остваруваат преку демократски избрани претставници(Член 2 од Уставот) – Груевски  деновиве очајнички врши атак токму на оваа уставна одредба, како преку своите послушници во Собранието така и преку криминалци и убијци, грчевито обидувајќи се да ја оневозможи политичката реализација на оваа уставна обврска и демократска придобивка.

Познавајќи го неговиот политички табиет, нема да биде за изненадување доколку во очајничката игра продолжи со своите политички егзибиции, но тоа не е и не може да биде пречка за продолжување на отпочнатите процеси на демонтажа на режимот во Македонија.

НСДП смета дека новиот претседател на Собранието има целосен легалитет и легитимитет формално да го извести претседателот на државата Ѓорге Иванов дека во Собранието има парламентарно мнозинство за формирање на Влада и веднаш да пристапи кон конституирање на извршната власт, независно од неговата одлука дали ќе го додели или не мандатот на Зоран Заев. Иванов се покажа и докажа како верен слуга на злосторничкото здружение, а не како претседател на сите граѓани кој своето политичко поведение го моделира според уставно дефинираните надлежности. Затоа нема да биде изненадување доколку Груевски сега повторно го искористи за да спречи граѓаните да ја остварат власта преку демократски избраните 67 пратеници. Поради тоа, исклучувањето на Иванов од процесите на формирање на извршната власт не го загрозува уставниот поредок, туку напротив, тоа е во духот на демократијата и уставното дефинирање на државата како парламентарна демократија во која Собранието е централна институција. Легитимитетот на новата власт не може да биде загрозен од самоволието на криминалците и нивните слуги инсталирани во институциите на системот, процесите се отпочнати и во најбрз можен рок треба да финализираат со избор на нова, реформска Влада.

Најново

20170611_141223

Централниот Одбор на НСДП изрази подршка за првите Владини одлуки

nsdp-logo1

Иванов со условувањето на доделување на мандатот го поткопува уставниот поредок

4

ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ЖЕНИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ГО ОСУДУВААТ НАСИЛСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ И БАРААТ РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАСТАНИТЕ

goranmis

Изборот на Талат Џафери е чист, Вељаноски мора да одговори на многу прашања

nsdp-logo1

ВМРО – ДПМНЕ не е политичка партија, туку терористичка организација

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП