• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

ВМРО – ДПМНЕ не е политичка партија, туку терористичка организација

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ:

nsdp-logo1

По убиството на демократијата  извршено од страна на криминалната банда на ВМО-ДПМНЕ, процесот на трансфер на власта треба да продолжи. Бидејќи еден од нарачателите на кривичното дело неколку пати стави до знаење дека нема намера да го додели мандатот на партиите кои имаат мнозинство, парламентарното мнозинство треба веднаш да пристапи кон избор на нова Влада на Република Македонија и извршната власт да профункционира со полн капацитет.

НСДП смета дека приоритетна задача на новата Влада треба да биде избор на нов јавен обвинител на Република Македонија и целосна промена на партиската со професионална полиција. Сметаме дека веднаш потоа надлежните органи треба да покренат постапка за кривична одговорност за сите учесници во крвавите настани во законодавниот дом, и тоа започнувајќи со Груевски и Иванов, како нарачатели, па преку оние кои повикуваа на линч(Анотнио Милошоски, Илија Димовски…), завршувајќи со разулавените криминалци кои посегнаа по животот на пратениците од парламентарното мнозинство и кои безмислосно го уништуваа имотот на граѓаните.

НСДП предлага по конституирањето на извршната власт парламентарното мнозинство да достави барање и за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од групата на Европската народна партија.

Покрај кривичната одговорност на ВМРО-ДПМНЕ како злосторничко здружение, Собранието на Република Македонија треба што побрзо да создаде законски претпоставки и за нејзино исклучување од наредните циклуси на локални, парламентарни и претседателстки избори.

По црниот понеделник од 2012 година и овој крвав пир во македонскиот парламент, организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, стана јасно дека не станува збор за политичка партија, туку за терористичка организација. За терористи нема место во парламентарниот живот на ниту една земја, па ниту во Македонија.

Најново

20170611_141223

Централниот Одбор на НСДП изрази подршка за првите Владини одлуки

nsdp-logo1

Иванов со условувањето на доделување на мандатот го поткопува уставниот поредок

4

ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ЖЕНИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ГО ОСУДУВААТ НАСИЛСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ И БАРААТ РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАСТАНИТЕ

nsdp-logo1

Последната битка на очајниците од ВМРО-ДПМНЕ

goranmis

Изборот на Талат Џафери е чист, Вељаноски мора да одговори на многу прашања

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП