НСДП ќе го поддржи Пендаровски на претседателските избори

1 март, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo

Централниот одбор на НСДП денеска едногласно одлучи на претстојните претседателски избори да го поддржи кандидатот на коалицискиот партнер СДСМ Стево Пендаровски.

НСДП смета дека Стево Пендаровски е најдоброто решение за петседател кој може да ги заштити и унапреди националните и надворешно политичките интереси на Македонија.

НСДП ја усвои и новата изборна програма со која ќе настапи на наредните предвремени парламентарни избори, во која, како што се наведува, нуди нови и оригнални политички, економски и социјални мерки, со кои ќе ја бара довербата на граѓаните.

Централниот одбор во насока на организациските подготовки за претстојните парламентарни и претседателски избори формира Централен изборен штаб, со кој ќе раководи претседателот на партијата Тито Петковски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство