• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Најголемата закана за безбедноста, стабилноста и унитарниот карактер на Република Македонија е лично Никола Груевски

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Најголемата закана за безбедноста, стабилноста и унитарниот карактер на Република Македонија е лично Никола Груевски. Тој уште еднаш, по кој знае кој пат, покажа дека својата лична политичка трагедија сака да ја колективизира за да се спаси себеси и тие околу него од правната одговорност за сите злодела кои ги направија на граѓаните во изминатава деценија.

Резултатите од изборите на 11 декември сосема јасно ја поставија формулата за решение и излез од политичката криза, а тој  и ВМРО-ДПМНЕ не се дел од неа. Тоа е прашање на математика, а не на лични стравови и политички желби да се блокираат процесите на профункционирање на правниот систем. Токму тој нарушен политички комодидет Груевски очајнички се обидува да го прикрие со манипулативен политички вокабулар исполнет со омраза и меѓуетничка поларизација и поделба.

Тезите дека некој подготвува федерализација на Македонија, воведување на паралелни институции, на промена на знаме и химна, и дека истите тие може да се реализираат без поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, зборуваат за една виртуелна политичка реалноста која пропагандната машина се обидува да ја искористи за да се затскрие политичкиот очајник на кого личната слобода и нелегално стекнатото богатство му се помили од било што друго.

НСДП апелира во најбрзо можен рок да се формира новата реформска Влада, која свој неспорен легитимитет го темели на резултатите од парламентарните избори, и со тоа во Макадонија да отпочнат процесите на возобновување на демократијата и институциите на системот. Сосема јасно е дека тие процеси Груевски и тие околу него ги доживуваат фаталиситчки за својата лична политичка иднина, и на сите можни начини ќе се обидуваат да ги одложат, но тоа е неминовниот пат кој избраа граѓаните на Македонија, од кој нема назад. Тоа треба да го сфатат и неговите сопартијци во ВМРО-ДПМНЕ и да го дадат својот личен придонес преку отпочнување на процес на внатепартиски реформи, затоа што само на тој начин Македонија може да се врати на евро-атланските патиша и да се спаси од пропаста кон која ја води нивниот актуелен лидер.

Најново

20170611_141223

Централниот Одбор на НСДП изрази подршка за првите Владини одлуки

nsdp-logo1

Иванов со условувањето на доделување на мандатот го поткопува уставниот поредок

4

ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ЖЕНИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ГО ОСУДУВААТ НАСИЛСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ И БАРААТ РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАСТАНИТЕ

nsdp-logo1

Последната битка на очајниците од ВМРО-ДПМНЕ

goranmis

Изборот на Талат Џафери е чист, Вељаноски мора да одговори на многу прашања

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП