Кримналците имаат име и презиме и индивидуално треба да сносат одговорност

16 септември, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ И ЈАВНОСТА:

nsdp-logo1

Вчерашната нервозна реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ по поднесените две обвиненија од страна на СЈО зборува за тоа дека државата е окупирана и подредена на авторитарна партиска структура која служи како параван за задскривање на криминалци и насилници.

 Наместо поддржување и прифаќање на идивидуалната кривична одговорност за сторени злоупотреби на власта од страна на поединци, владејаката партија се впушта во политички игри на релативизирање на потребата од кривична одоговорност на лица од нејзиното најтесно партиско раководство. Кримналците имаат име и презиме, тие се познати на јавноста и индивидуално треба да сносат одговорност за своите постапки. Демократијата и владеењето на правото не трпат политички партии да бидат претворени во паравани на криминални структури.

 Се покажа уште еднаш дека Никола Груевски е подготвен да ја стигматизира целата партија како криминална организација, сите свои поддржувачи да ги стави во ист кош како него – осомничени кримналци. Тој е подготвен да ја колективизира одговорноста за сите незаконски дејства кои тој и неговата фамилија ги имаат сторено изминативе 10 години, со единствена цела да се спаси себеси и своите соучесници од индивидуалната кривична одговорност.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство