Доколку ВМРО-ДПМНЕ не сноси кривична одговорност, нема надеж за фер избори

21 јули, 2016

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Уште од самиот почеток на овој формат на преговори НСДП укажуваше дека седнувањето на преговарачка маса со докажани криминалци тешко може да понуди излез од политичката криза, особено ако се знае дека тоа имплицира политичка и правна одговорност на припадниците на злосторничкото здружение на ВМРО-ДПМНЕ, кои  10 години ја тероризираат и криминализираат Македонија.

Искуството од политичкото пеговарање и договарање со ВМРО-ДПМНЕ покажува дека секој договор со нив е како договор со ѓаволот. Дадениот збор за нив не создава никаква морална или политичка обврска и одговорност за да се придржуваат на договореното, особено ако тоа значи заминување во политичката историја. Учествуваа во склучувањето на Мартовскиот договор, Прижино 1 и 2, и сето тоа го погазија.

Дека нивните намери и интереси не се поврзани со евро-атланските перспективи на државата, односно дека спасот на фамилијата им е поважен од спасот на Македонија, зборува и тоа дека нивната согласност за постигнување на договор уследи откако обезбедија пари за финансирање на клиентелизмот со емитувањето на еврообврзницата од 450 милиони евра. Јасно е дека Никола Груевски не се откажува од намерата политички и кривично да се спаси со  пари, пропаганда и полиција. Затоа, НСДП смета дека врз секој договор, во кој е вклучен ВМРО-ДПМНЕ, виси Дамлаков меч и истиот е соочен со можноста за неисполнување. Колку и јавно да изразуваат подготвеност за учество на избори, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на избори кои не се вклопуваат во нивните перцепции за инструметализација на парите на граѓаните, полицијата и медиумската пропаганда.

НСДП смета дека доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сноси правна кривично-одговорност, пред се, за изборните манипулации со кои доѓаше на власт во претходните изборни циклуси, во тој случај мали се надежите дека може да очекуваме еден фер и демократски изборен циклус, било кога тој и да се одржи.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство