Светските банки ја препознаа дијагнозата на Ставрески – „ние сме лудаци“

15 јули, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ И ЈАВНОСТА:

nsdp-logo1

Одлуката за блокирање на реализацијата на еврообврзницата, со која владата сакаше да ги задолжи граѓаните со нови 650 милиони евра, е јасна порака од светскиот банкарски сектор дека не сака да влегува во било какви финансиски зделки со криминализирана и корумпирана власт. Светските банките ја препознаа дијагнозата на екс-министерот за финансии Зоран Ставрески  “ние сме лудаци, трошиме за чоколадо, а немаме за леб“ и им стана јасно дека  намерата на злосторничкото здружение предводено од Никола Груевски е тие пари да ги фрли ву бунар – финансирање на клиентилизмот, корумпирање на гласачи, финансирање на непродуктивни проекти наменети за полнење на приватните џебови на својата олигархија.

Висината на еврообрзницата која се обиде власта да ја издаде, само е симптом на економскиот и финансискиот колапс со кој е соочена Република Македонија. Наспроти пропагандниот „економски процвет“, намерата зареализација на оваа задолжување е и своевидно признание на владата дека пензискиот систем е на стаклени нозе, дека македонскиот буџет повеќе не може да ја гарантира редовната исплата на платите, социјалните трансфери и субвенциите.

Блокирањето на еврообврзницата уследи непосредно по кратењето на ИПА фондовите од ЕУ и по најавата за повлекувањето на постојаната мисија на ММФ во Македонија, што јасно зборва дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ  ја турка Македонија не само во политичка, туку и во економска и финансиска изолација. Политичките пораки, се заманија и со финансисики – меѓународниот финансиски капитал јасно порачува дека повеќе нема доверба во економските перформански на власта во Македонија.

И на крај, на македонската јавност и стана јасно зошто екс-министерот Зоран Ставрески си поднесе оставка и го напушти злосторничкото здружение на Груевски.

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство