Човекот што ја даде колективната дијагноза за владата на Никола Груевски – „Ние сме лудаци…“, конечно си поднесе оставка

14 јуни, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ И ЈАВНОСТА:

nsdp-logo1

Човекот што ја даде колективната дијагноза за владата на Никола Груевски – „Ние сме лудаци…“, конечно си поднесе оставка.  И тој повеќе не можеше да го трпи притисокот од својот кумашин и повлече потег кој македонската јавност многу прано го очекуваше.

Покрај Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, како и министерот Иво Ивановски кој избега во Бугарија, и Зоран Ставрески се приклучи на функционерите на Никола Груевски кои си поднесоа оставки. НСДП очекува нивниот пример да го следат и останатите членови на „злостроничкото здружение“, кои извршуваат министерски функции, како што се Никола Тодоров, Никола Поповски, Елизабета Канческа Милевска, и веднаш да си поднесат оставки.  Би било добро да се угледаат на примерот на ДУИ, која се огради од услугите на сите министри кои беа дел од Владата во која Груевски беше на премиерската позиција.

Со политичкото проветрување во извршаната власт, со доаѓањето на нови, некомпромитирани личности од ВМРО-ДПМНЕ и со веќе избраните нови министри од ДУИ, НСДП смета дека единствено во такви околности можно е власта и опозицијата да седнат на преговарачка маса, да го сопрат внатрешното и меѓународно пропаѓање на државата, да направат влада на широка коалиција или национално единство, која ќе ги утврди државните и национални приоритети. Поради регионалните и пошироки меѓународни безбедносни констелации, НСДП смете дака во таков случај, во најкус рок може да се утврди национална стратегија за зачленување во НАТО и за отпочнување на преговори за полноправно членство во ЕУ.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство