Мисовски: Чистка за вработените во јавната администрација кои мислат спротивно од ВМРО ДПМНЕ!

8 јануари, 2014
Собрание на Република Македонија, Говор на Координаторот на Пратеничката група на НСДП, Горан Мисовски, за Законот за администрацијата: 
  misovski_administracija
Откако ги честита празниците што се уште траат, пратеникот Горан Мисовски од НСДП на денешната седница во Собранието на Република Македонија рече дека со новиот предлог од Владата ќе се стави крај на сите оние што мислат спротивно од политиките на ВМРО ДПМНЕ.
-Евидентно е дека оваа тема предизвика голем интерес, и со право, се работи за човечки судбини. Луѓе вработени во државната и јавната администрација и вие во Новата 2014 година како честитка од ВМРО ДПМНЕ им предлагате вакво законско решение со кое што, госпоѓо заменик министер, во ниту еден дел од вашата администрација не кажавте дека не сте во право за она што го зборувате.
-Да, почитувани вработени во јавната администрација, најдоговорно тврдам дека ова е законско решение за почеток и крај на чистката во државнта и јавната администрација со сите оние што мислат спротивно од Владата на ВМРО ДПМНЕ.
-Ова е финална пресметка госпоѓо министерке!
Повеќе во видеото:

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство