МАРИЈА ТОДОРОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА НСДП

16 мај, 2016

Организацијата на жени на Нова социјалдемократска партија(НСДП) вчера во Скопјеодржа Изборна конференција на која беа избрани претседателка на организацијата и потпретседателка.

oz 2

За претседателка на организација на жени е избрана Марија Тодоровска, а за потпретседателка Илинка Кољозова.

Претседателот на партијата, Тито Петковски, во своето обраќање пред присутните делегати го истакна значењето на жената во политичкиот живот на секое демократско општество.

„Жените не можат да бидат оставени на маргините на политичките процеси, нивното рамноправно учество со мажите во политичкиот живот било и ќе биде дел од основните политички приоритети за кои се бори и ќе се бори НСДП“, рече Петковски.

Ново избраната претседателка на организацијата, Марија Тодоровска, нагласи дека организацијата на жени НСДП ќе го мобилизира целокупниот свој кадровски потенцијал во борбата против политичките процеси спроведувани од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а кои ги поткопаат демократските темели на државата.

„Ќе покажеме дека имаме созраено чувство за тоа што се демократски вредности, за тоа што значи да се почитуваат и уважуваат правата на жената во Македонија, ќе се бориме за нови стандарди за третманот на жената во јавниот и политичкиот живот на Македонија“, рече Тодоровска.

oz 1 oz 2 oz 3 oz 4

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство