МИСОВСКИ НА ЈАВНАТА ДЕБАТА ОРГАНИЗИРАНА ОД ЦИВИЛ: Да држиш цела држава, цел народ и партија во заложништво само да си ја спасиш кожата е геноцид кон сопствениот народ!

10 мај, 2016

Мисовски: Груевски и неколкумината околу него ја претворија ВМРО-ДПМНЕ во злосторничко здружување. Избори на 5 јуни нема да има. Вељановски ќе се посипа со пепел и ќе го свика повторно Собранието. Избори мора да има и ќе има, кога ќе се создадат услови.

13133125_963086083809861_794734121241429303_n

„Македонија на се личи, само не на нормална држава. Грабеж на граѓаните, масовно прислушување, уцени, закани, рекет, убиства, самоубиства, специјално обвинителство, протести и контра-протести. Главен креатор, кој ако не Груевски и фамилијата, и за жал, ВМРО-ДПМНЕ како нивен заложник. Жалам што политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја претворија во злосторничко здружение. И за што? Само за пари, власт и моќ. Да држиш цела држава, цел народ и партија во заложништво само да си ја спасиш кожата, а богами и парите, тоа веќе е класичен геноцид кон сопствениот народ“, рече потпретседателот на НСДП, Горан Мисовски на денешната јавна дискусија „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ.

Според Мисовски, помилувањата од Иванов само го потврдија криминалот на раководството на владејачката партија.

„Аболицијата од Ѓорге Иванов значеше ставање на печат или верификација на криминалот на фамилијата. Може да замислете во каква паника бил Груевски кога го повлекол последниот очајнички потег, злоупотребувајќи го претседателот на државата, на незаконски начин со аболиција да му ги прости гревовите. А гевовите се многу и многу пари стеканти на незаконски начин. Груевски ставајќи ја партијата во заложништво отвори војна, прво со народот, а потоа и со гаранторите на нашата безбедност и стабилност, САД и ЕУ“, рече потпреседателот на НСДП.

Според него изборите на 5 јуни нема да се одржат, иако ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да купи време, а Собранието ќ ебиде свикано и аболицијата ќе биде повлечена, односно укината.

„Избори на 5 јуни нема да има, а возможно е заради купување на време ВМРО-ДПМНЕ да поднесат листа за пратеници, но тоа нема да го спречи одложувањето на изборите. Трајко Вељановски ќе се посипе со пепел и ќе го свика Собранието, ќе се формира нова техничка или експертска влада, аболицијата ќе се повлече и она што најверојатно ќе се случи, тоа е заминување на Груевски од челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мисовски порачувајќи дека избори мора да има, и тоа тогаш кога ќе се создадат услои за тие да бидат фер, демократски и кредибилни.

13103269_963085957143207_6807744521520865202_n 13133125_963086083809861_794734121241429303_n 13151469_963077450477391_7870585799348212413_n 13164438_963085967143206_6484294847166320349_n 13165844_963078393810630_3353394488501378413_n 13177940_963077023810767_7649749965625480444_n 13221685_963076867144116_8016805595312989457_n

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство