Хаосот во МВР создава и хаос во државата!

25 април, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ И ЈАВНОСТА:

nsdp-logo1

Приведувањето на Здравко Савевски, еден од лидерите на „Левица“, само ја покажува бруталноста, едновремено и стравот, на партиската полиција на ВМРО-ДПМНЕ. Не може, не смее, високи полициски функционери да не ја почитуваат законитоста во работењето на МВР, односно да не ги почитуваат ингеренциите на министерот Спасовски, а да глумат законитост при апсењето на еден од учениците на оправданите протести на граѓаните.

НСДП очекува обвинитеството и судот да не подлегнат на партиско-полицискиот притисок на ВМРО-ДПМНЕ и конечно да започнат да се раководат согласно принципите на правото и правната држава, притоа имајќи во предвид дека правото на изразување на незадоволство од власта е вградено во темелите на демократијата.

НСДП смета дека најсилнит одговор на партиско-полициската бруталност ќе го дадат граѓаните на Република Македонија на веќе започнатите протести низ сите градови во државата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство