Груевски да поднесе оставка од лидер на ВМРО-ДПМНЕ

22 април, 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ И ЈАВНОСТА:

nsdp-logo1

Специјалното јавно обвинителство-СЈО денеска соопшти дека Никола Груевски, Миле Јанакиески и други лица  од врвот на владеачката партија-ВМРО-ДПМНЕ се директно вклучени во уривањето на објектот “Космос” и дека неможе против некој од нив да покрене истрага од единствена причина што се аболирани од Ѓорѓе Иванов. Со оглед на фактот што со чинот на аболицијата практично се докажува вината на Никола Груевски, НСДП очекува истиот да си поднесе оставка од функцијата Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да овозможи да започнат демократските внатрешно- партиски реформи во партијата. Со тоа ќе се даде шанса за демократизација на македонското општество во целина и профункционирање на правниот систем.

Се надеваме дека ослободувањето од авторитарните стеги на лидерството на партијата ќе го симне срамот од владеачката партија и ќе покаже дека има сили кои не сакаат да живеат со чувството на криминалци кој им го наметна лидерот на партијата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство