Мисовски го повика министерот Чавков да се појави утре во Собранието и да објасни на јавноста како УБК со години беше инструментализирана за контрола на функционери, судии, обвинители и за пресмека со политички противници!

Изјава за порталот МАКТЕЛ.МК на потпретседателот на НСДП, Горан Мисовски:

misovski-5001111

Содржината на „бомбите“ на Зоран Заев, во која се откриваат криминалиите на режимот, се покажа како моќен политички арсенал во борбата на опозициските пратеници против режимот на Груевски во работата на Собранието. Немоќта на Груевски и на неговите пратеници да се соочат со опозицски пратеници во Собранието на пленарните седници и пратеничките прашања, каде на големо се употребуваат „бомбите“, предизвика вистинска нервоза и паника во редовите на владејачката партија.

Голготата на режимот на Груевски утре продолжува. Закажана е јавна седница на две важни Собраниски комисии – Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. На заедничката седница на двете Комисии, закажана за 14 часот, со кои раководат пратениците Горан Мисовски од НСДП и Хари Локвенец од СДСМ, тема на расправа ќе биде извештајот на Прибе.

Првиот човек на УБК, Љупчо Андовновски и министерот за внатрешни работи Митко Чавков на јавна седница ќе треба да одговора на заблешките во извештајот на Прибе во кои МВР и УБК се нотирани како институции кои се ставени во заложништво на политичкита елита од власта.

Пратеникот Горан Мисовски, кој ќе раковид со заедничката седница на двете Комисии, за „Мактел“ вели дека очекува Чавков и Андоновски да одоговорат на поканите кои им се доставени и да се појавата на утрешната седница. „Пред се, од Чавков и Андоновски, како наследници на Јанкуловска и Мијалков, очекувам утре да се појавата во Собранието и пред македонската јавност да дадат одгвовор на забелешките нотирани во извештајот на Прибе, а поврзани со работата на овие институции, односно да објаснат зошто и како се случило УБК да работи надвор од својот законски мандат во име на власта за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителството, судиите и политичките противници како последица на што се вмешува во независноста на судството и другите национални инситуции“, вели Мисовски за „Мактел“.

Мисовски вели дека содржината на „бомбите“ досега во Собранието предизвика доста нервоза во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, па според тоа утре може да се очекува некој од поканетите функционери од редовите на владејачката партија и да не се појави на седницата на Комисиите.

„Јавно го повикувам министерот Чавков утре пред претениците и македонската јавност да објасни како министерството со кое раководи дозволило УБК со години да се злоупотребува за контрола на високи функционери во администрацијата, обвинителството, судството, како првиот братучед на Грувески можел да ја инструментализира оваа безбедносна агенција за узорпирање на целиот политички систем“, вели Мисовски.

Иако Чавков е наследник на Гордана Јанкуловска, која раквоодеше со МВР 9 години, тој како министер, а и претходно како висок функционер во рамки на министерството, имал и има увид во нелегалните механизмите кои функционирале во рамки на министерството и довле до состојбите кои се нотирани во извештајот на Прибе, појаснува Мисовски за „Мактел“.

Освен првите луѓе на МВР и УБК, на утрешната седница се поканети и Министерот за одбрана, првите луѓе на Управата за финансиска полиција и Царинската управа, народниот правобранител, претставници на телекомуникациските оператори – од кои се очекува да дадат одговор на кој начин нивните мрежи биле злоупотребени од страна на власта за следење на комуникациите на корисниците на мобилните телефонски мрежи.

Најново

АДСДП доби 2 награди за развој на претприемништво во Централна и Југоисточна Европа

Мисовски и Милковски на собраниската прослава на „8ми Март“

Министерката Апостолска се сретна со романскиот амбасадор Станила

Министерката Апостолска на „Средба за вмрежување помеѓу мултинационални и домашни компании“

Учество на министерката Апостолска на „Македонско-италијански бизнис форум 2019“

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП