Петковски: Без договор за специјалниот обвинител, враќањето во парламент е само фарса

31 август, 2015

Изјава за порталот ПЛУСИНФО.МК на лидерот на НСДП, Тито Петковски:

tito(4)

Бев против враќањето во Парламентот доколку не се постигне договор за Изборниот законик и за специјалниот обвинител и уште сум на тој став, вели лидерот на НСДП, Тито Петковски.

– За опозицијата да се врати во собранието требаше да биде готова правната рамка за избор на специјалниот обвинител и да има усогласени ставови околу личноста што би била назначена на оваа функција. Треба да е веќе закажана и собраниската седница на која овој предлог – закон ќе биде на дневен ред, како и да се обезбедат тим и финансии, за да може од 15 септември тој веќе да почне да работи. Ако ова не се случи, тогаш враќањето на опозицијата нема поента – вели Петковски.

Тој истакнува дека со враќањето на опозицијата во Собранието треба да почне процесот на барање на кривичната одговорност на актуелната власт, а ако тоа не се случи, се друго е фарса.

– Точно е дека законски измени може да се донесе и во скратена процедура, но ако нема договор за тоа пред да влезе опозицијата во собранието, не сум уверен дека ќе се постигне по тоа – вели Петковски.

Сепак, тој, не кажува дали НСДП ќе ги повлече тројцата пратеници, ако до 15 септември не биде избран специјалниот обвинител.

Во врска со тоа дали НСДП треба да делува како самостојна пратеничка група или заедно до СДСМ, според Петковски, во оваа ситуација тоа е техничко прашање.

– Сега опозицијата има точно зацртана агенда што треба да ја реализира во Собранието до новите избори наредната година, па затоа и не е многу важно дали ќе дејствуваме како посебна пратеничка група или заедно – вели Петковки.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА:

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство