НСДП ја осудува пресметката на власта со неистомислениците

23 јули, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Идеолошките наследници на поразените сили од Втората светска војна, кои денес владеат со Македонија, почувствувајќи се загрозени од новата политичка реалност во Македонија, започнаа јавна и безкрупулозна пресметка со сите политички противници и неистомисленици.

Со методи и средства својствени на историски озогласената нацистичка идеологија, во континуитет откако се на власт, произведуваат судири и делби.

Последните години од нивното владеење, идеологијата ја трансформираа во шовинизам, чиј продукт практично се теророт, насилството, агресијата и омразата. Како што расте уверувањето за неминовност од заминувањето на власта на одметнатите од народот, така и ќе се зголемува нивната и нервозата на поданиците на Никола Груевски и ќе се зголемува притисокот за спас од неминовниот пораз. Во таа валкана “војна”нема да биде поштеден никој. Главна мета и натаму ќе останатат опозициските политичари и особено медиумите, односно новинарите што не се под нивна контрола. Ако нешто ги плаши протагонистите на мрачната идеологија, тоа е јавното мислење. Токму поради тоа, во улога на насилници се јавуваат луѓе од општественото дно и уличари, до вицепремиер и премиер.

НСДП ги осудува сите посегнувања по моралниот и физичкиот интегритет на луѓето независно од причините.

Сметаме дека, во најголем дел тие се одраз на фрустрации поради стравот од губење моќ и власт.

На зло не треба да се одговара со зло, туку со мобилизација на сите прогресивни сили и противници на злото, до конечен негов пораз на вонредните праламентарни избори во април идната година.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство