Стефановски за купувањето на новото возило на општина Кочани: Дали лично градоначалникот определува како ќе ги троши парите од граѓаните, по негова желба?

30 мај, 2015

(ТЕКСТОТ Е ПРЕВЗЕМЕН ОД КАНАЛ8 ТВ) Дискусија на Претседателот на ОО на НСДП Кочани и советник во Советот на општината, проф. Сашко Стефановски
Без конкретен одговор останаа прашањата на советниците кои се интересираа колку точно средства доби Локалната самоуправа од осигурителната компанија и од аукцијата за продажба на службениот “пасат“, што претходно настрада во сообраќајна несреќа.

Пред околу еден месец градоначалникот Димитровски рече дека сумата од овие два извора се движи околу еден милион денари, но од официјалниот извештај на веб-страницата на ЗЕЛС можеше да се забележи разлика во износите, што остави дилема дали Општината ги има овие пари.

Сепак, во сметките од ребалансот на буџетот што се бара стои дека од општинската каса треба да се издвојат само 430 илјади денари. Тоа создава нејаснотии, за што советниците поставија конкретни прашања.

– Бидејќи минатиот пат градоначалникот кажа друга сума што е добиена од осигурителната компанија, сега се кажува друга, за продаденото возило друга сума, читаме по медиумите дека на веб страницата на ЗЕЛС пишува трета сума. Според ова што го кажа госпоѓа Хаџиева, ако навистина се собрани близу еден милион денари од осигурителната компанија и плус парите што се добиени од продажбата на возилото, имаме преку 20 илјади евра за кои пари мислам дека може да се купи некое солидно возило, без овие дополнителни 10 илјади евра да се дополнат за купување возило. Инаку, ова, од оваа класа, е купено за 1 милион и 600 илјади денари пред три-четири години, значи сега ќе имаме уште поскапо возило, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

Појаснување за прашањата на Стефановски претходно дадоа од општинсаката администрација, односно од Секторот за финансиси од каде рекоа дека се собрале повеќе пари од осигурувањето.

– По штетата на возилото имаме добиено, значи проценета штета од 1 милион денари, така што ставката 725922 од 80 илјади се зголемува на 1 милион и 100 илјади денари. Значи, тоа е веќе платено осигурување и истите тие средства и 800 илјади од Општината се пренесуваат за купување на ново возило и тие се планирани во програмата Капитални трошоци на Општината и изнесуваат 1 милион и 800 илјади, рече Ирина Хаџиева од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Според ставките на расходната страна од ребалансот на Буџетот што се разгледуваше на седницата, може да се види дека се планира за набавка на нов службен автомобил да се издвојат 2 милиони и 230 илјади денари. Тоа е за околу 600 илјади денари повеќе од издвоената сума пред три години со кои беше купен “пасатот“.

– Мене ме интересира кој определува каков тип на возило ќе се купи? Дали е тоа желба на градоначалникот, дали имате посебна комисија таму на колегиум, дека мора такво и такво возило да се купи. Ако веќе имаме една помала сума, да не се ставаат дополнителни трошоци. Дали лично тој определува како ќе ги троши парите од граѓаните, по негова желба, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

Со оглед што ребалансот на Буџетот беше изгласан од мнозинството во Советот на Општината, најверојатно наскоро ќе започне постапката за набавка на нов автомобил. За разлика од “пасатот“ за кој пред три години се потрошија околу 26 илјади евра, сега се отвора можност за новото возило да се платат 4 илјади евра повеќе.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство