Петковски: Не може третиот човек во полицијата да стане министер

13 мај, 2015

Изјава на претседателот на НСДП, Тито Петковски, за порталот ПЛУСИНФО.МК:

tito-petkovski.jpg

Поранешниот пратеник и лидер на НСДП, Тито Петковски, вели дека не може министер да стане третиот човек во Министерството.

– Без разлика што тој како директор на Бирото за јавна безбедност не бил во униформа, сепак Уставот е јасен, дека со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години. Тоа е јасно не може да се толкува никако поинаку, Чавков после Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков е третиот човек по хиерахија во полиција – категорично вели Петковски.

Во однос на поднесените оставки тој рече дека таргет на опозицијата не се извршителите на наредбите туку наредбодавачот.

– Наш таргет и наша цел не се извршителите на наредбите. Основна задача на опозицијата е да ја убеди јавноста дека наредбодател на сите криминални активности е премиерот Никола Груевски. Снимките само покажаа колку овие се негови лојални соработници и послушни извршители на неговите бескрупулозни наредби. Груевски мора да си поднесе оставка и да се почне процес на формирање на преодна влада во која ќе бидат застапени сите парламентарни партии – вели Петковски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство