НСДП: ИНСТИТУЦИИТЕ НЕМААТ КАПАЦИТЕТ ДА СЕ СПРАВАТ СО ПОПЛАВИТЕ

6 февруари, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Штетите кои ги предизвикаа поплавите, предизвикани од поројните дождови, во одделни региони на земјата уште еднаш пред јавноста доведоа да се покаже не само отсуството на институционални капацитети за навремено справување со временски непогоди, туку јавноста можеше уште еднаш да се увери дека Владата во своите буџетски трошење не дава приоритет за настраданите во поплавите, односно човечката несреќа не е доволен повод да се откажат од својот табиет за непродуктивно трошење.

НСДП го смета за крајно лицемерен и морално неодговорен повикот на Mинистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, граѓаните со парични средства да се вклучат во хуманитарна акција за помош на настраданите, во ист момент кога Владата троши за непродуктивни проекти од типот на „Скопје 2014“, како што е градење на споменици, барокни фасади и панорамски тркала. Дрско е Mинистерот кој во својот дом во Прилеп сместил една цела „индустирска зона“ морално да се обидува да се „испере“ во јавноста со емотивни апели во кои бара помош од граѓаните и Црвениот Kрст, притоа изоставајќи ја својата Влада која се научи само да зема, да казнува, а не и да помага кога им е најтешко на своите граѓани.

НСДП ја повикува Vладата да стави мораториум на сите непродуктивни трошења и истите средства да ги насочи за помош на настраданите семејства во поплавите и за санација на последиците од истите. На овој начин настраданите граѓани и семејства ќе го добијат она што има припаѓа и им е најпотребно во овие тешки моменти.

Вистински момент е лукративните интереси во трошењето на буџетските пари да се потиснат за сметка на принципот на солидаризирање со настраданите граѓани и семејства.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство