РАТКО ПАВЛОВСКИ: ВРИЕ ВО УЧИЛИШТАТА ВО КРИВА ПАЛАНКА

Прес-конференција на Ратко Павловски, член на Советот на општина Крива Паланка од НСДП

Почитувани граѓани,

Сакаме да ве информираме дека врие во воспитно-образовните институции во Крива Паланка. Вработените се под огромни притисоци да се откажат од легитимното право на штрајк.

Знаете ли што се случува?

Власта на Груевски на дел од наставниците кои беа казнети во врска со несоодветно оценување што го покажало екстерното тестирање, сега, замислете им ги поништува одлуките за нивно казнување.

Само за да се стиши незадоволството на наставниците.

Освен тоа што има реакциии дека селективно се разгледуваат и се решаваат жалбите, наставници алармираат и на законски прекршувања.

Жалбите ги разгледувале и укинувале училишни одбори, иако не се тие надлежни туку Министерството за образование што го спроведува екстерното тестирање.

Исто така имаме информации дека власта преку “читачи на изјави“ наводно во име на синдикалните организации на наставниците се обидува да го задуши штрајкот.

Така, во средното училиште Ѓорче Петров, во име на вработените изјава дал наставник кој во моментот е на замена на друг колега и е неполна година во наставниот колектив.

Неколку наставници откако се изјасниле дека имаат намера да штрајкуваат во своите кабинети, биле спречени од директорот кој им одредил посебна просторија за тоа.

Ете до каде оди дрскоста, газењето на достоинството и прекршувањето на човековите и работничките права!

Во основното училиште Јоаким Крчоски, директорот, за да го спречи незадоволството на наставниците, решил да реновира неколку училници и го продолжил училишниот распуст за една недела.

Во основното училиште Илинден директорот наредил да се оди на настава, а часовите не е дозволено да се скратат ниту за пет минути во знак на протест и поддршка на колегите од другите кои штрајкуваат.

Притисокот што се прави е невиден и вака не се издржува, коментираат наставниците.

Внимателно следиме се што им се случува на наставниците, уставните и законски прекршувања и порачуваме веднаш да престанат притисоците.

Најново

ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИНА НА НСДП-ГАЗИ БАБА

Апостолска на бизнис форуми во Бурса и Истанбул: Стабилните и развојни економски параметри ја прават Северна Македонија атрактивна за нови инвестиции

ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОО НА НСДП-КИЧЕВО

СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП: ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ТРАЈКОВСКИ ИЗБРАН ЗА ШЕФ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕТКОВСКИ ЌЕ ГО ВОДИ ТИМОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА

Апостолска пред романски компании од регионот Прахова: Политиките за поддршка на инвестициите ви обезбедуваат долгорочни и развојни економски перспективи во Северна Македонија

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП