ВЕЉАНОСКИ, ПРЕКИНИ ЈА ПАРОДИЈАТА И КОНСТАТИРАЈ ГИ ОСТАВКИТЕ

Прес конференција,Рената Дескоска во име на пратениците од опозиционата коалиција:

Почитувани,

Ова што се случува во Собранието наликува на пародија. Собранието ќе оценувало дали пратениците од опозицијата кои се во оставка, се оправдано или неоправдано отсутни!

 

Станува збор за трагикомичен обид на собранискиот спикер да го замаскира кршењето на Уставот кое тој самиот го стори во период од повеќе од 6 месеци, кога оневозможи престанок на нашите мандати.

Да потсетиме опозицијата јасно стави до знаење дека нема да ги легитимира нерегуларните парламентарни избори!

Пратениците на опозицијата лично поднесоа писмени оставки, кои собранискиот спикер според Деловникот беше обврзан да ги констатира на првата наредна седница.

Со своите постапки собранискиот спикер е причинителот на сегашната лакрдија. Со неговото неодговорно однесување им е нанесена штета на избраните пратеници чиј мандат не може да престане, нанесена е штета на Буџетот и најважно од се погазен е Уставот и владеењето на правото. Собранискиот спикер се однесува како уставот да не важи за него.

Ситуацијава во која е вовлечен Трајко Вељановски и владејачкото мнозинство наликува на доцна фаза од човек што пропаднал во жива песок. Колку повеќе мрда, толку повеќе тоне. Една злоупотреба раѓа потреба од нова злоупотреба за да ја покрие претходната.

Затоа, го повикуваме собранискиот спикер да не си ја отежнува положбата и да не навлегува во нови злоупотреби. Го повикуваме да го направи она што Уставот му го налага: да ги констатира пратеничките оставки. На тој начин ќе си обезбеди една олеснителна околност кога ќе биде повикан на одговорност за злоупотребите што ги има направено.

Најново

МИЛКОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ВАШИНГТОН ДЕРЕК МИЧЕЛ ЗА ДЕСЕТГОДИШНИОТ ПРОЕКТ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И НДИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗАКОНОВНИОТ ДОМ

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРКАТА БОШКОВСКА-ЈАНКОВСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ И ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА ГЕНЕРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ПРАВДА, ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА НА ПС НА ПСЈИЕ НА ТЕМА: „БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Честит 9ти Мај! Ден на Европа. Ден на победата над фашизмот.

НСДП ги повикува сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП