Котески: Што крие договорот за купопродажба на ФК Пелистер помеѓу Општина Битола и Цермат?

Прес-конференција на советникот од НСДП во Советот на општина Битола, Благојче Котески:

blagojce

Општиноначалникот Талески и претседателот на Советот Анѓелевска треба да дадат одговор на прашањето:

Што е тоа, толку скандалозно во договорот за купопродажба на ФК Пелистер, што јавноста несмее да го види?

Пред седница ги побаравме од претседателот на Комисија за Спорт и млади, Леонида Чолаковски, да ни бидат доставени договорите врз чија основа Советот требаше да гласа ЗА или ПРОТИВ одлуката за продажба на клубот од страна на Талески!

За изненадување, Договорите не ни беа дадени на разгледување!

Ги побаравме и на координација, од претседателот на Советот Анѓелевска.

Договорите повторно не ни беа дадени на разгледување!

Ги побаравме и на самата седница.

Договорите повторно не ни беа дадени на разгледување!

Претседателката на Советот Анѓелевска, не информира за нашето право како граѓани на слободен пристап до информациите од јавен карактер и за истото да се обратиме до Службите на Општината.

За нешто што како Совет треба да биде дел од материјалите за седница на Совет, сега треба да се обраќаме официјално до службите на општината!?

Постапив по советот на Ангелевска и поднесов Барање за пристап до јавни информации од Јавен Карактер, каде писмено стои дека од имателот ја барам следната информација од јавен карактер: Договор за купопродажба на ФК Пелистер склучен помеѓу Општина Битола и Цермат кој е одобрен на седницата на Советот на Општина Битола.

Општина Битола иако станува збор за докумети од Јавен Карактер не ми го даде договорот. Го добив следното известување:

Во врска со Вашето писмо под горниот број и дата Ве известуваме дека купопродажбата на ФК Пелистер е извршена согласно Одлуките – донесени од страна на Советот на Општина Битола.

Без бараниот Договор за купопродажба на увид, остануваат да висат во воздух прашањата

  1. Дали мнозинството на Советот знае за содржината на договорот или Советниците едноставно гласаа по партиска директива?
  2. Дали во новиот Договор стои спорниот член 12 од првично одбиениот договор?

Со овај член Општината има обврска со денот на склучување на договорот да му ја отстапи на купувачот БЕЗ НАДОМЕСТ целата расположлива инфраструктура на постоечкиот стадион, постоечкиот терен на градскиот стадион, сите расположиви помошни терени и теренот со вештачка трева (ќумурно игралиште), со обврска на купувачот за тековно одржување и тековни трошоци.

  1. Во овај член 12 став 4 стоеше:

Договорните страни се обврзуваат на основа овој договор да склучат концесионерски договор со важење до 30 години.

  1. Кои се обврските на Општина Битола кои ги превзема со овај Договор?

Битола заслужува подобро, Битола може подобро, Битола ги заслужува одговорите, затоа ќе ги искористиме сите правни механизми кои ни се на располагање за да ги пронајдеме одговорите!

Најново

МИЛКОВСКИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НДИ ВАШИНГТОН ДЕРЕК МИЧЕЛ ЗА ДЕСЕТГОДИШНИОТ ПРОЕКТ МЕЃУ СОБРАНИЕТО И НДИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗАКОНОВНИОТ ДОМ

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРКАТА БОШКОВСКА-ЈАНКОВСКИ ЗА СТРАТЕШКИТЕ И ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА ГЕНЕРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ПРАВДА, ВНАТРЕШНИ РАБОТИ И БЕЗБЕДНОСНА СОРАБОТКА НА ПС НА ПСЈИЕ НА ТЕМА: „БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Честит 9ти Мај! Ден на Европа. Ден на победата над фашизмот.

НСДП ги повикува сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП