ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ. ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗЕ СО ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

Централниот одбор на НСДП денеска во Скопје одржа редовна седница со повеќе точки на дневен ред за актуелни политички теми, помеѓу кои се најдоа и отчет за сработеното и постигнатите резултати на избраните и именуваните функционери во институциите на системот, градење на став на партијата во однос на претстојните претседателски и евентуални предвремени парламентарни избори. 
foto1 2019
Во функција на негување на внатре партиските демократски капацитети на одговорност и отчетност,  повеќе носители на јавни функции од редовите на НСДП, за изминатиот период од година ипол од стапувањето на функциите до денес, пред члановите на Централниот одбор и претставници на општинските организации на партијата дадоа пресек за постигнатите резултати на институциите со кои раководат, како и осврт на прироитети кои ќе бидат во нивното работење до крајот на мандатот.
На седницата на Централниот одбор се дискутираше и за можноста за одржување на предвремени парламентарни избори, за што беше изграден став дека на Македонија во овој политички момент тие не и се потребни.
foto2 2019
НСДП смета дека решавањето на повеќедеценскиот проблем со името и отворањето на евро-атланските перспективи пред државата поставува агенда која бара надминување на партиските и уважување на државните интереси. НСДП е на ставот дека реформите кои ЕУ ги очекува од нас како држава да ги испорачаме, за во јуни годинава да добиеме одлука за почеток на преговори, не дозволува дефокусирање на политичката енергија и блокирање на институциите на системот со брз парламентарен изборен циклус.
Во оваа насока, Централниот одбор на партијата  изгради став дека негувањето на демократската политичка култура во земјава бара напуштање на праксата на претходната авторитарна владејачка  гарнитура на одење на брзи предвремени парламентарни избори и воспоставување на нов однос кон чинот на гласање на граѓаните, што ќе значи давање на шанса својата оценка за работењето и исполнувањето на програмските ветувања на Владата да ја дадат на избори по завршување на четиригодишниот мандат.
Во однос на претстојните редовни претседателски избори, на денешната седница на Централниот одбор беше оценето дека владејачката коалција треба да излезе со единствен кадндат кој ќе ја добие довербата не само на политичките партии кои се дел од неа, туку со својот интегритет и јасни евро-атлански ставови ќе демонстрира капацитети да ги обедини граѓаните независно од нивната политичка, етничка или религиозна припадност.
Имајќи го во предвид ова, конечниот став за конкретен кандидат за претседател на државата органите на  партијата  ќе го донесат по завршувањето на отпочнатите процедури на негово утврдување во рамки на коалицијата.

Најново

Министерката Апостолска во посета на „Амфенол“ – Нови инвестиции и работни места во компанијата, Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава резултати

НСДП го усвои Извештајот за претседателските избори, донесе одлука за внатрепартиски избори и изгради став за промена на изборниот модел за избор на пратеници

Министерката Апостолска се сретна со полскиот амбасадор Тицињски

Министерката Апостолска ја посети американската компанија „Теламон“

Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП