• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

ТИТО ПЕТКОВСКИ: МАКЕДОНИЈА СТАНА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ НА ЕУ (ВИДЕО)

Интервју на Претседателот на НСДП, г-дин Тито Петковски за он-лајн магазинот inbox7.mk:
titoinbox7
Распадот на Југославија беше голема грешка, причините беа развиениот национализам, популизмот, како и делувањето на странските разузнавачки служби, како германската БНД, на територијата на тогашна Југославија, истакнува во интервју за Инбокс7, лидерот на НСДП, Тито Петковски. Тој вели дека тогаш најважно било по мирен пат да се стекне независноста, во што и се успеа.
Новинар: Билјана Ставрова, stavrova@inbox7.mk


Дваесет и три години по прогласувањето на самостојноста, Македонија го нема решено проблемот со Грција, кој бил истакнат уште во деведесеттите години дека без тоа нема членство во ЕУ, вели тогашниот потпретседател на македонското собрание Тито Петковски.

На прашањето на Инбокс 7, дали коалицискиот партнер ДУИ може да придонесе кон забрзување на процесот за решавање на проблемот со името, Петковски смета дека ДУИ ништо не може да направи, бидејќи, како што рече, Груевски направил кариера на прашањето за името. Но, сега од ЕУ пристигнуваат остри тонови.

„Во Берлин му беше кажано на премиерот Груевски дека Македонија станува сериозен проблем на ЕУ, делуваме антиевропски. И да се реши проблемот со името, Македонија нема да влезе во ЕУ. Промените на Уставот, градиме финансиски зони, за кои ЕУ се згрозува, дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, кога во Европа се почитува слободната сексуална ориентација. Ова не е предвидено во ниту еден документ на Унијата“, вели Петковски.

Според него денеска Македонија е безнадежна држава, албанската заедница се противи на било каква друга варијанта освен НАТО и ЕУ, а ако Груевски и ВМРО – ДПМНЕ останат доследни на политиката тоа значи дека ќе ја делат Македонија. Тоа е повеќе од сигурно, бидејќи Албанците на сакаат да одат во други сојузот како со Русија.

„Овој начин на владеење на Груевски не може да трае долго. И Хитлер мислел дека ќе завладее со светот, но не успеал“, вели лидерот на НСДП.

За излегувањето на неговите тројца парламентарци од Собранието, Петковски изјавува дека сега Македонија е исправена пред предизвикот за нови избори, но не да ги организира Груевски.

Најново

nsdpnewyear2019

НСДП СО НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

NSDP 1

НСДП ПРОСЛАВИ 13 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

goran-misovski-sobranie

Мисовски до ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ги украде парите и избега во Унгарија, а вие лајкови му ставате

Скопје3

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „16 ДЕНА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ“

nsdp-logo1

Организацијата на жени на НСДП-Куманово организира трибина за женски активизам

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП