ПЕТКОВСКИ: Груевски и Ахмети ги турнаа Македонците и Албанците во конфликт

Прес-конференција на претседателот на НСДП, Тито Петковски:

titoPress21maj-685x320

По примерот на Ѓорче Петров македонската јавност може да се увери кон што води националистичката и шовинистичката политика на Никола Груевски и Али Ахмети, демонстрирана за време на предизборната кампања на последните избори во РМ.

Заслепени од желбата да останат и да ја зголемат сопствената власт и моќ, свесно ги турнаа Македонците и Албанците во постојан конфликт и меѓуетнички тензии. И двајцата лидери во предизборието грмеа по плоштадите во РМ со своите националистички пораки.

Никола Груевски од Македонците бараше 62 мандати за да не го уценува Али Ахмети и да му бара албански јазик, промена на Устав, или некоја од првите три функции во државата, со што практично директно ги провоцираше Албанците.

Другиот пак Али Ахмети, провоцирајќи ги Македонците, од Албанците бараше 25 мандати за да не може Груевски сам да прави Влада. Дури излезе и со една небулозна теза за консензуален Претседател, за да не можат Македонците сами да си изберат Претседател на својата држава.

После се, многу лицемерно звучи повикот на еден нов пратеник на ДУИ ,,веднаш да се уапсат виновниците за поттикнување на меѓуетнички тензии“. Ако тој и неговите сопартијци искрено го посакуваат тоа, не треба да одат многу далеку во барањето на најголемите виновници. Едниот му е Претседател на неговата партија, а другиот Претседател на неговата Влада.

Според тоа, бидејќи резултатите од една налудничава политика се многу видливи, Груевски и Ахмети немаат морален кредибилитет заедно да формираат нова Влада. Тие недвосмилено покажаа дека не се во состојба да обезбедат соживот меѓу Македонците и Албанците и да обезбедат мирен и безбеден развој на македонското општество.

Најново

АДСДП доби 2 награди за развој на претприемништво во Централна и Југоисточна Европа

Мисовски и Милковски на собраниската прослава на „8ми Март“

Министерката Апостолска се сретна со романскиот амбасадор Станила

Министерката Апостолска на „Средба за вмрежување помеѓу мултинационални и домашни компании“

Учество на министерката Апостолска на „Македонско-италијански бизнис форум 2019“

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП