Петковски: Во Македонија полесно се испушта душа отколку власт

9 мај, 2014

Прес-конференција на претседателот на НСДП, Тито Петковски:

petkovski

Преку Петар Стано – портпарол на еврокомесарот за проширување, официјален Брисел соопшти дека: „И по овие избори ЕУ изразува загриженост во врска со ситуацијата на поларизирани медиуми, проблемот на неутралномедиумско покривање, слабите професионални стандарди и отсуство на ситем на саморегулирање, замаглување на државните  и партиски активности кои не обезбедуваат фер игра, кое во три наврати досега е искажано (2009, 2011 и 2013г.) “.

Но сепак, претпочита ангажман, а не повлкување и дека „ќе продолжи да ги поттикнува политичките лидери да се ангажираат во конструктивен дух за решавање на актуелните прашања“.

И уште еднаш ја потсетува македонската јавност дека „не се остварени недостатоците забележани во извештаите за иборите од претходните три циклуси“.

Такви и слични дипломатски флоскулиод Брисел ќе слушаме и по овие и по некои наредни избори. Во меѓувреме Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со компромитација и целосно заокружување  на диктаторскиот режим во Република Македонија. И сето тоа за никого не треба да биде изненадување. ЕУ и т.н меѓународна заедница, како нормален и оправдан го прифати чинот на исфрлање на пратеници и новинари од пленарната сала на македонскиот парламент во декември 2012 година. Т.н „црн понеделник“ од 24.12.2012г. ќе остане најсрамниот датум во поновата македонска историја, но и доказ за искривното сваќање на меѓународната заедница за парламентарната демократија воопшто.

Оправдувајќи го на посреден начин, чинот на упад на специјална полиција во македонскиот парламент меќународната заедница, практично застана на страната на насилието и политичкиот криминал. Застана на страната за злото што ја врши неправдата.

Ако ЕУ прифати, договорот на власта и опозицијата за „црниот понеделник“ под нејзино медијаторство, да заврши како „тоалетна хартија“, без никаков проблем и грижа на совест и овие претседателски и вонредни парламентарни избори ќе ги прифати како „ефикасно спроведени и ќе го признае нивниот легитимитет. И тоа во услови и пред очи на ЕУ и пошироката меќународна заедница, двете владејачки партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во предизборната кампања демонстрираа тврд, милитантен национализам и шовинизам. Практично, толерира и дозволува Република Македонија да се гуши во етнички финдаментализам, само неутрално гледа сеир, на се она што и се случува на земја-кандидат за полноправно членство во нејзиното друштво. И така 24 години, Македонија живурка и со статус кво, постепено, но сигурно од внатре еродира, осиромашува и секоја година со помалку население.

Уште колку ли години треба да чекаме за да од Македонија се отселат и последните граѓани, за  да ЕУ и меѓународната заедница немаат повеќ проблем со Македонија и Македонците.

По низата нерегуларности на овие избори што ги забележа и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, бирократите од Брисел и Вашингтон треба да сватат дека во Македонија полесно се испушта душа одколку власт и дека треба да направат соодветна стратегија за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. И тоа час поскоро. Во спротивно, во догледно време, ниту тие, ниту Грција не ќе имаат партнер со кого ќе преговараат, освен ако тоа не им е намерата и крајната цел.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство