НСДП: Власта се подготвува за нов изборен фалсификат

10 април, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Со последните сознанија на невладината „Цивил“ се покажа дека власта се подготвува за нова манипулација со волјата на граѓаните, за што има основа во вишокот гласачи.

НСДП со години укажува дека во Македонија нема толку граѓани со право на глас колку што има запишано во избирачкиот список. Сега е повеќе од јасно дека овој „вишок“ на гласачи и служи на власта за да може да манипулира со избирачката волја на граѓаните и да победува на изборите на нелегитимен начин. Од тие причини Владата на Никола Груевски никогаш немала искрени намери да спроведе попис на населението, зашто така ќе се елиминира можноста за изборен фалсификат. Последните сознанија до кои дојде невладината организација Цивил се доказ за нови обиди за манипулација со гласачите. Имено власта почна виртуелно на зградите да им додава влезови и спратови што не постојат, со станови во кои фиктивно живеат луѓе кои добиле задача на денот на изборите да гласаат за „саканата“ власт“.

Опозициската партија посочува на досегашните нерегуларности, но и на новоутврденото додавање станови и катови во Кисела Вода, но ги повикува гласачите да излезат да гласааат, за да се спречи злоупотребата на нивното гласачко право.

Оваа власт која се удира во гради дека е непобедива и дека сите ја сакаат, е пред пораз. Да не е така зошто би имала потреба од постојан притисок и корупција на граѓаните како што се носење гласачи од Пустец, сместување на стотици граѓани во еден стан, уценување на вработените од јавната администрација да обезбедат по 10 нови гласачи, гласање со двојни лични карти, бугарски воз и сл.
Затоа НСДП ги повикува сите граѓани и определените и оние неопределените на денот на изборите масовно да излезат на избирачките места за да не дозволат нивните гласови да бидат злопуотребени  и некој „друг“ да гласа за нив.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство