• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Зоран Георгиев: На оваа коцка тука пред Вас сум пораснат и тука ќе ги победиме!

Говор на кандидатот за пратеник г-дин Зоран Георгиев од 5 Изборна Единица од НСДП и Коалицијата во Битола на мини митингот во Месната Организација “Даме Груев” на местото викано “Сред село”:
MIKSA
Почитувани пријатели добровечер!
На оваа коцка тука пред Вас сум пораснат и тука ќе ги победиме!
Не можам да Ви ја опишам со зборови гордоста и привилегијата што сум дел од овој победнички тим, тим составен од нови и чесни луѓе, луѓе докажани во своите професии.
Драги мои пријатели, другари со кои заедно пораснавме, за нас како времето да застанало, а ги имаме сите предуслови да живееме подобро и да бидеме посреќни и позадоволни, но како што знаете, сето тоа ни е одземено.
Затоа ни треба нова политика, нова енергија со морал и одговорност…
Имаме програма која ќе ја презентираме пред секој граѓанин со конкретни решенија за Македонија да стане место каде што подобро може да се живее.
Македонија од која нема да се иселуваат младите.
Македонија, која со гордо исправена глава ќе застане рамо до рамо со сите европски држави.
Тоа што сум кандидат за пратеник на опозициската коалиција, повлекува исто толку голема одговорност да го поведеме народот и да има кажеме стоп на овој начин на владеење на оваа власт и да почнеме да пишуваме нова историја на перспективна Македонија, историја со која сите ќе се гордееме.
Затоа почитувани мои сограѓани, Ве повикувам на 13 април, да ја започнеме победата со заокружување на редниот број 3, за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, бидејќи Македонија и нејзините граѓани заслужуваат таков Претседател, бидејќи Стево навистина е и нашиот претседател.
И да ја крунисаме нашата победа на 27 април, со заокружување на редниот број 1 за кандидатската пратеничка листа на опозицијата затоа што Македонија заслужува промени за нов почеток.
Ви благодарам!

Најново

nsdpnewyear2019

НСДП СО НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

NSDP 1

НСДП ПРОСЛАВИ 13 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

goran-misovski-sobranie

Мисовски до ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ги украде парите и избега во Унгарија, а вие лајкови му ставате

Скопје3

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „16 ДЕНА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ“

nsdp-logo1

Организацијата на жени на НСДП-Куманово организира трибина за женски активизам

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП