АМАН ДОСТА СО ЏЕПАРОШКА ПОЛИТИКА

8 април, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Какви демагози сте вие од ВМРО ДПМНЕ. Девет години ги осиромашувате граѓаните да не можат да си ги платат сметките за струја и за вода, им ги испразнивте кредитните картички и тековните сметки, ги задолживте по банките со кредити, а сега сакате и душата да им ја земете лажејќи ги дека ќе им ги простите долговите.

Но, очигледно Владата на Никола Груевски го дотерала дотаму стандардот на граѓаните што сега мислат дека народот ќе им верува на лагите зашто го дотерала до дното и дека нема друг избор? Зарем веруваат дека ќе се „исперат“ само ако на граѓаните им ветат дека ќе им го вратат она што за сето време на владеење им го земаа. Тоа што сега го правите се вика изборна корупција господа од власта.

И како всушност мислите тоа да го изведете тоа? Со свои пари од сметките во странство, или повторно ќе земате од џебот на граѓаните. Земи од едни за да дадеш на други. Тоа веројатно затоа што задолжена Влада не може да враќа долгови. Само во предизборието потрошивте 207 милиони евра повеќе одошто собравте во државната каса, а во месец март немавте пари ниту за плати и пензии да поделите доколку не се задолжевте 83 милиони евра на домашниот пазар. Оваа најнова лага можеше да ви помине ако сметавте на милијардите на Субрата Рој, ама тој за жал сеуште е во затвор и неизвесно е до кога ќе остане таму.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство