• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Вторник
Фев
19
ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА ГРУЕВСКИ – 25 ИЛЈАДИ БУГАРСКИ ПАСОШИ И 100 ИЛЈАДИ ИСЕЛЕНИ ЗА ТРИ ГОДИНИ Испечати E-mail адреса

17 март 2014 I Соопштение за медиумите и јавноста:

 

nsdp-logo.jpg

 

Резултатот на портокаловата револуција и патриотизмот на Груевски од реализирани 1009 проекти за три години се гледа преку 100-те илјади иселени, претежно млади луѓе од Македонија и 25-те илјади бугарски пасоши за македонските граѓани. На секој реализиран проект од Груевски се иселувале по 100 граѓани од Македонија, а од нив 25 земале бугарски пасош.

Сликата за Македонија реформирана од патриотот Груевски се гледа преку: првото место по мизерија во Европа, првото место по сиромаштија и невработеност, најмалку странски инвестиции на Балканот, најмногу сомнителни тендери и трансакции со белосветски преваранти и осуденици.

Ни збор за забелешките на Стејт департментот за слободата на изразување, слободата на печатот, независноста на судството, политичките затвореници и човековите права и слободи.

Груевски со театарот наречен „ОТЧЕТ“ уште еднаш го прекрши Изборниот законик, го маргинализираше учеството на ДУИ во Владата и повторно прати порака дека партијата е државата, а тој е месијата.

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

17 МАРТ 2014 ГОДИНА
 
Следно >

НСДП НА -FACEBOOK-

facebook.jpg

Who's Online

Линкови - Банери

Собрание на Република Македонија
European Union
NATO

banernvo.jpg