• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Вторник
Фев
19
ТРИБИНА НА НСДП ВО БИТОЛА „ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ВО РАЦЕТЕ НА ГРАЃАНИТЕ“ Испечати E-mail адреса

 

14 март 2014 I Битола, Трибина на Општинската организација на НСДП во Битола на тема „ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ВО РАЦЕТЕ НА ГРАЃАНИТЕ“

img_200937093947127.jpeg 

Претстојните редовни претседателски и предвремени парламентарни избори и можните импликации од нив, беше темата на трибината што во петокот навечер ја организираше ОО на НСДП во.Битола. Пред полн аудиториум во малата сала на Домот на култура се обратија потпретседателот и претседателот на НСДП, Николче Ацевски и Тито Петковски.

Погрешните политики на оваа власт доведоа до  економски пустош на државата што резултира со егзодус на младите, кои во потрага по подобра живот масовно мигрираат кон западните земји.

-Според податоците на Светска банка околу 270.000 луѓе ја напуштиле државава во последните години, а според некои неофицијални информации, таа бројка е застрашувачка и ја надминува бројката од 500.000 граѓани кои си заминале од Македонија – истакна Николче Ацевски.

 

img_200881141171058.jpeg
 

 

Оваа влада води политика на нерамномерен економски развој, од која политика најзагрозена е Битола и нејзините граѓани смета Ацевски.

-Само Битола е заобиколена од изградбата на најавените автопатишта. Битолскиот Универзитет за неколку години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ од второ место пшадна на 4 место според последната листа. Вложувањата во РЕК Битола се сведени на нула што резултира со намалено производство на сметка на зголемен увоз. За овие неколку години во Македонија е увезена  струја во вредност од над 1.200.000 милиони евра- потенцираше Ацевски.

Претседателот на НСДП Тито Петковски го повтори неколкупати потенцираното досега, дека целата божемна криза со консензуален кандидат и одењето на предвремени парламентарни избори е само едно веќе договорено сценарио меѓу коалиционите партнери.

-Па со самото тоа што парлкаментарните избори ќе се одржат заедно со вториот круг на претседателските избори е во интерес на цензусот за успех на изборите. Значи од ДУИ заговараа бојкот, но со самото прифаќање на изборниот датум тие помагаат претседателските избори да успеат. – смета Петковски.

Македонија е рекордер во Европа по ниво на апсолутна сиромаштија, на ниво на некои африкански земји. Огромна е социјалната нерамноправност во Македонија  според сите официјални статистички податоци смета Петковски

 

img_200909874372322.jpeg
 

 

-Несфатливо е што се треба да се случи за граѓаните да се разбудат од оваа ситуација на страв и замолченост. Еден работник кој зема реална просечна плата од околу 200 евра треба да работи над 50 години, за да ја заработи највисоиката месечна исплатена плата во државава. Никаде во Европа го нема тоа. Доколку ние составуваме влада во најитно време ке донесеме закон за еднократно оданочување на најбогатите Македонци  – истакна Петковски.

За крај на своето обраќање Петковски се осврна на незавршениот попис . Според него резултатите кои почнале да се добиваат од теренот покажале дека голем бил бројот на иселени Македонци што на површина ќе го исфрлел изборниот фалсификат на ДПМНЕ и ДУИ.

-Груевски ги обвинува Аклбанците за пропаѓањето на пописот, но ВМРО се уплаши од вистината дека на изборите добивале повеќе гласови отколку што имало реално гласачи.  Па само во Виница пописот покажал дека имало 3000 граѓани помалку отколку на избирачкиот список – заокружи Тито Петковски.

 

img_200871848489804.jpeg

 

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

14 МАРТ 2014 ГОДИНА  

 

 
< Претходно   Следно >

НСДП НА -FACEBOOK-

facebook.jpg

Who's Online

Линкови - Банери

Собрание на Република Македонија
European Union
NATO

banernvo.jpg