• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Вторник
Фев
19
2013 ГОДИНА НА ИНВЕСТИЦИСКИ ПЛАН Е ПРОМАШЕНА ГОДИНА ЗА ТРАЈАНОВСКИ И ЗА ВМРО-ДПМНЕ Испечати E-mail адреса

13 март 2014 I Скопје, Изјава за медиуми, доц.д-р Предраг Трпески, советник од НСДП во Совет на Град Скопје

predrag_21_jan.jpg 

Почитувани,

Денес Градоначалникот Трајановски до Советот на Град Скопје ја поднесе Годишната сметка за 2013 година. Од неа може точно да се види дека Градоначалникот Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година не го исполнија она што им го ветуваа на граѓаните и беа фокусирани на проекти кои се претежно од нивни интерес, а помалки од интерес на жителите на Скопје.

Може да се види дека буџетот за 2013 година беше проектиран во функција на локалните избори и манипулирање со македонските граѓани.

Дека Градоначалникот Коце Трајановски 2013 година ја заврши неуспешно покажуваат следниве факти:

Прво, многу ниска реализација на вкупните приходи од 74% и тоа во однос на претходно ребалансираниот буџет, кога приходите се намалија за 10%;

Второ, ниска реализација од 73% и на вкупните расходи;

Трето, целосно потфрлање на страната на капиталните расходи кои се реализираа со многу скромни 66% од планираното. Целосен неуспех.

Можеме да заклучиме дека таму каде што има реални инвестиции реализацијана е доста ниска, но затоа пак таму каде што се предвидени средства за подготвување и изведба на проекти, изградба на катни гаражи и сл., реализацијата е над 90%. Така на пример, изградбата на атмосфрески и фекални канализации во повеќе населени места во Скопје има реализација од 0%, изградба на комунална инфраструктура – реализација 35%, кај реконстрикцијата на булевари, улици, тротоари и надвозници реализацијата е ниска и е под 60%. Но, од друга страна, за изградба на проект за водоснабдување на Млениумскиот крст реализацијата е 91%, 90% реализација има и кај средствата предвидени за подготовување на проект Панорамско тркало, за што на крајот на декември се исплатени преку 30 милиони денари, а нешто сличен процент на реализација има и кај изведбата на катните гаражи.

Уште полоша слика се добива ако се анализира реализацијата според сектори. Па така, реализацијата на предвидените активности на секторот за меѓународна соработка е 50%, секторот за локален економки развој има реализација од 55%, а секторот за Заштита на животната средина реализација од 56% и тоа во периодот кога загадувањето претставува еден од најголемите проблеми за скопјани.

Не смее а да не се спомене фактот дека Градот Скопје во 2013 година има доспеани а неизмирени обврски во износ од 230 милиони денари. Тоа се обврски во најголем дел спрема градежните фирми, кои доспеале, а Градот се уште ги нема исплатено. Кои се мотивите за тоа можеме само да претпоставуваме.

Сето ова покажува дека 2013 година на инвестициски план е промашена година за г-динот Трајановски и за ВМРО ДПМНЕ и уште една изгубена година за граѓаните на Скопје.

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

12 МАРТ 2014 ГОДИНА 
 
< Претходно   Следно >

НСДП НА -FACEBOOK-

facebook.jpg

Who's Online

Линкови - Банери

Собрание на Република Македонија
European Union
NATO

banernvo.jpg