• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Среда
Фев
20
Економскиот патриотизам на Груевски постои само во скапите реклами на Владата Испечати E-mail адреса
 
10 март 2014 I Скопје, Соопштение за медиуми: 
nsdp-logo.jpg 
Економскиот патриотизам на Груевски и неговата влада уште еднаш се потврдува дека постои само во скапите реклами на Владата и во бизнис интересите на фамилија.
 
Како вистиски се сака сопствената земја преку привлекување на странски инвестиции ни покажа нашиот северен сосед – Србија.

Пред некој ден српската јавност имаше можност да го видат првиот автобус направен во соработка на “Mercedes” и “Ikarbus”, со што Србија доби еден огромен производствен капаците на најсовремени автобуси. Нешто кое можеше да се случи во Македонија, но Груевски не дозволи.

Очигледно е дека Груевски поради само нему познати причини немаше интерес да овозоможи оваа инвестиција да се реализира во Македонија.  Доколку со потписите на Грувески и Ставревски не се затврореше фабриката за автобуси ФАС „11 Октомври“, тогаш  „Мерцедец“ ќе можеше да стане партнер на нашата фирма, да инвестира, да отвори работни места за нашите граѓани, и накрај наместо да се набавуваат автобуси од Кина ќе можевме сами да си ги произведуваме.

Во тој случај сомнителната милионска набавка на кинеските автобуси ќе немаше потреба да се случи и сомнежите за задоволување на нечии лични итереси во оваа зделка немаше да постојат.
 
СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП
10 МАРТ 2014 ГОДИНА  
 
< Претходно   Следно >

НСДП НА -FACEBOOK-

facebook.jpg

Who's Online

Линкови - Банери

Собрание на Република Македонија
European Union
NATO

banernvo.jpg