• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Среда
Фев
20
Потпретседатели Испечати E-mail адреса

ГОРАН МИСОВСКИ

goran_2011.jpg

Потпретседател на НСДП од декември 2013 година. Роден на 15.4.1965 година во Скопје. Македонец. Економист, Економски факултет, Прилеп.

Основач и прв организациски секретар на НСДП 2005-2008,

Координатор на Пратеничката група на Нова социјалдемократска партија 2006-2008,

Координатор на Пратеничката група на Нова социјалдемократска партија, Либерална партија и Нова алтернатива 2010-2011, 

Координатор на Пратеничката група на Нова социјалдемократска партија и Либерална партија (ПГ на НСДП и ЛП) 2011-

Комисија за финансирање и буџет, заменик-претседател 

Комисија за одбрана и безбедност, член

Комисија за изборите и именувањатa, член
 
Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
 
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
 
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член 
 
Оженет и татко на едно дете. Активно говори англиски јазик.

Проф.д-р Николче Ацевски

nikolce acevski.jpg
Роден е на 2 јуни 1969 година во Битола. Дипломирал на Електротехничкиотфакултет во Скопје на 29 март 1993 година. Магистрирал на 19 фебруари 1996 година на истиот факултет а докторирал на 3 септември 2003 година на Електротехничкиот факултет, Скопје, со што се стекнал со звањето доктор по електротехнички науки.
 
Од 1 октомври 1997 година е вработен на Техничкиот факултет во Битола каде е професор по предметите Електротехника, Електротехнички материјали, Електрични инсталации со осветление, Техника на висок напон,Заземјувачи и заземјувачки системи и Високонапонска опрема и изолационисистеми. Исто така предава и на дисперзираните студии по Информатика воПрилеп како професор по предметот Електротехника и Електроника. Моментално е раководител на Електро отсекот при Технички факултет, Битола.

Има напишано над 60 научни трудови во земјата и странство, учествувал во10-тина научноистражувачки и развојни проекти, и автор е на 2 учебници,Електротехника 2004 и Електротехнички материјали 2006 г.

Член е на повеќе научни здруженија:
-    Друштво за наука и уметност Битола од 1998 год.
-    Македонски комитет за големи електрични системи од 1996 год. Од 2005 година е член на Извршниот одбор на МАКО ЦИГРЕ. Од 2007 член на ЦИГРЕ-Париз.
-    Светска асоцијација на електроинженери ИЕЕЕ со седиште во Вашингтонод 1999 год.
-    Институт за стандардизација на Р. Македонија, од 2008 г. во два технички комитети ТК 31 Осветление и ТК 32 Енергетика и разводни постројки за усвојување на Европските стандарди.  

Оснивач е на Ротари клубот Битола Широк Сокак 2009 г, и избран за втор претседател 2010-2011 г. Член на управен одбор на МКЦ-Битола од 2006 г.

Активно зборува англиски јазик.  

Во периодот март 2003 год. до јуни 2005 год. бил раководител на Секторотза високо образование при Министерството за образование и наука, додекаод јуни 2005 до септември 2006 советник на министерот за високо образование. Во тој период посетил над 40 тина конференции од областа нависокото образование, науката и доживотното учење во Европа и Америка.

Од март 2003 е постојан претставник на Р. Македонија во Советот на Европа во Стразбур во Управувачкиот комитет за високо образование и наука.

Има завршено курс за Стратешко планирање во образованието во Светска банка - Вашингтон во периодот октомври 2005 година.

Во периодот април 2005 до септември 2006 бил член на Одборот за акредитација на високото образование во Р. Македонија.

Од септември 2006 до март 2008 година бил член на Надзорниот одбор во АДМЕПСО како претставник на НСДП.

Член е на НСДП од оснивањето, 11 декември 2005 година. Претходно бил член на  СДСМ од 12 јануари 1995 година. Во тој период бил на повеќе политички функции:

-    претседател на ОО на СДСМ Битола ноември 1997-мај 1999 год. и кандидат за пратеник на Парламентарните избори 1998 год.

-    член на Централен одбор март 1999-фебруар 2003 год

-    член на Надзорен одбор февруари 2003 до пристапувањето во НСДП.

За парламентарните избори на 5 јули 2006 год. бил шеф на изборниот штаб на НСДП за градот Битола каде беа освоени 4500 гласови или 10 % од гласовите, а за парламентарните избори 2008 ја водел аналитиката во Битола.
За потпретседател на Централниот одбор на НСДП е избран на 22 ноември 2009 г, а реизбран за потпретседател на 15 декември 2013 година.
 
Оженет е и татко е на 3 деца.

 

Д-р Предраг Трпески

predrag-trpevski111.jpg


Д-р Трпески Предраг е роден на 11.VII.1976 година во Гостивар. Основно образование и средно економско училиште завршил во родниот град, а дипломирална Економскиот факултет во Скопје, на департманот финансиско сметководствен менаџмент, во јуни 1999 година.

Своите први искуства во образовната дејност ги стекнал уште како редовен студент на Економскиот факултет во Скопје, кога бил ангажиран да изведува вежби по предметот Основи на сметководството, во својство на демонстратор. Во јули 2000г одина е избран за помлад асистент по предметот Основи на економијата на Економскиот факултет во Скопје.    

Во април 2005 година го одбранил магистерскиот труд под наслов Новата кејнзијанска економија, со што се стекнал со звањето магистер по економски науки, а докторската дисертација на тема Релевантноста на новата кејнзијанска економија за пазарот на труд во Република Македонија, на Економскиот факултет во Скопје, ја одбранил во октомври 2010 година што се стекнал со звање доктор по економски науки.

Д-р Предраг Трпески има објавено повеќе трудови како дома така и во странство, кадеп отесно поле на истражување е функционирањето на пазарот на трудот и невработеноста како макроекономски проблем par exelance.

Во периодот септември 2006 до јули 2008 година д-р Предраг Трпески ја извршувал функцијата Заменик на министерот за финансии во Владата на Република Македонија. Во истиот период имал извршувано повеќе општествени и јавни функциикои се поврзани со функцијата Заменик на министерот за финансии.

Д-р ПредрагТрпески е член на НСДП уште од нејзиното основање. Од 2006 година, во континуитет, е член на Централниот одбор и Извршниот одбор на партијата. Во ноември 2008 година е избран за потпретседател на НСДП, а во декември 2013 е реизбран за потпретседател.

Денес д-р Предраг Трпески работи како доц.д-р по предметот Основи на економијата на Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје.

 

НСДП НА -FACEBOOK-

facebook.jpg

Who's Online

Линкови - Банери

Собрание на Република Македонија
European Union
NATO

banernvo.jpg